Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бизнисот и институциите на заедничка маса: Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора во Прилеп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бизнисот и институциите на заедничка маса: Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора во Прилеп
ЕКОНОМИЈА

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора во Прилеп

Објавено December 28, 2024 18:36
Сподели
Сподели

На 27 декември 2024 година, во Прилеп се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора, која беше фокусирана на клучните економски предизвици и решенија за локалното и националното стопанство. На седницата присуствуваа претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, како и претставници на локалните банки и компании.

Претседателот Азески истакна неколку важни точки за подобрување на економскиот амбиент, вклучувајќи го законското решение за недела нереботен ден, т.е во недела треба да се работи, но и да се плати соодветно спрема законските регулативи. Тој ја истакна потребата од рационализација на државната администрација за да стане вистински сервис на бизнисот и поддршка за извозните активности преку нова регулатива. Азески нагласи дека растот на платите во јавниот сектор треба да биде условен со растот на бруто-домашниот производ, додека парафискалните давачки на локално ниво мора да се регулираат исклучиво преку Собранието.

Присутните дискутираа и за инвестициите во инфраструктурата, со фокус на железничката линија кон Солун, како и за навремениот поврат на ДДВ и законските исплати за инвестиции. На состанок беа презентирани и условите за унгарскиот кредит, кој е потенцијален извор на финансиска поддршка за компаниите во регионот.

Претседателот на Регионалната комора поднесе извештај за активностите во изминатата година, потенцирајќи го значењето на Комората во поддршката на економскиот развој. Азески, пак, апелираше за унапредување на регионалната соработка и регионално поврзување и активност на регионалните комори за поголема активност на компаниите, особено од Источна Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јован Деспотовски остана без пасош
Следна Статија Судот му одреди мерки на претпазливост на Јован Деспотовски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Се прецизираат локациите за гасни централи – во игра се Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со меморандумот, со „Казанџи груп“, за…

July 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија ќе биде меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа

Македонија ќе биде 5-та земја во Европа според економскиот раст годинава – ова се очекувањата на премиерот Мицкоски за 2025-та.…

January 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Глобалниот крипто пазар доживеа голем пад по објавата на поранешниот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе 100% тарифa на кинески технолошки увоз

Глобалниот крипто пазар доживеа голем пад по објавата на поранешниот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе 100% тарифa на кинески…

October 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата ќе зема заем од ЕБРД за обнова на возниот парк во железницата

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за обнова на…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?