Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница
ХРОНИКА

Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница

Објавено January 17, 2025 14:33
Сподели
Сподели

Близначињата новороденчиња што починаа вчера во Прилепско биле премрзнати, се вели во соопштението од прилепската Oпшта болница со проширена дејност „Борка Талески“.

Според нив, вчера во 10:45 часот на Одделот за детски болести било донесено женското новороденче кое како резултат на премрзнување било во тешка здравствена состојба.

Откако било примено, се додава во соопштението, веднаш била преземена интензивна медицинска интервенција. Бебето било реанимирано и интубирано, поставено во топли ќебиња, а и дополнително се затоплувало. Но, и покрај тоа, додаваат од болницата, состојбата на бебето продолжила да се влошува, а во 13 часот била констатирана смртта.

За машкото новороденче, од прилепската болница велат дека од истите причини – премрзнување, било починато во домот на семејството.

Близначињата, како недоносени, биле родени спонтано на 30 декември 2024 година, во 34-та гестациска недела. Првото новороденче, машко, било со родилна тежина од 1 970 грама, а второто, женско, со тежина од 1 780 грама.

Новороденчињата биле испишани од болницата на 10 јануари на барање и со потпис на мајката.

Мајката била родена во 2001 година и ова било нејзина четврта бременост.

Претходно денеска јавниот обвинител Стевчо Биноски од Основното јавно обвинителство Прилеп, рече дека наредил обдукција за новороденчињата кои кога починале биле во тешка здравствена состојба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски најави деветта авиолинија, очекува и рекорден број странски инвестиции
Следна Статија Рокас: Има голем интерес и благонаклонетост кон Македонија да се отвори поглавјето за преговорите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трагедија во Охрид: Во несреќен случај загина 28-годишниот снимател Кристијан

Македонската културна и медиумска јавност од вчера е во шок по веста за смртта на младиот охридски снимател, фотограф и…

January 13, 2026
ХРОНИКА

Жителка на Липково измамена за 165.000 денари за наводно вработување во Швајцарија

Дваесет и четиригодишна жителка на Липково, пријавила во полицијата дека била измамена за 165.000 денари од жител на таа општина…

November 26, 2025
ХРОНИКА

Возач со автомобил удрил 17-годишен битолчанец и избегал

Денеска (18.01.) во 03.26 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола, патничко возило управувано од непознат…

January 18, 2025
ХРОНИКА

Се апсат организаторите на концертот во Кочани

Министерството за внатрешни работи (МВР) активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?