Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бoки 13 останува на слобода, лекари потпишале дека во затвор нема услови да се лекува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Бoки 13 останува на слобода, лекари потпишале дека во затвор нема услови да се лекува
ХРОНИКА

Бoки 13 останува на слобода, лекари потпишале дека во затвор нема услови да се лекува

Објавено December 12, 2024 17:50
Сподели
Сподели

Болеста на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор бидејќи нема терапија, ниту услови, тој е инвалид од прв степен, а му се препорачува да биде физички активен. Ова е медицински став од конзилијарното мислење на докторите презентирани во Кривичниот суд, поради кои осудениот од „Рекет“ останува на слобода.

Одлуката е донесена врз основа на докази односно медицинската документација, на која има повеќе од десетина потписи на доктори-специјалисти, професори од Универзитетската клиника св. „Наум Охридски“. Од началникот доктор-специјалист Стојанче Јованов побаравме став како Боки 13 е во лоша состојба, а постојано присутен во јавноста. Тој посочува дека на лицето не му е забрането да ги обавува своите животни функции и му се препорачува физичка активност, но истовремено, вели дека состојбата му се третира секојдневно со болнички лекови и посебни режими.

Специјалистот-доктор Јованов вели: „Да се знае еднаш засекогаш, пациентот има траен инвалидитет од прв степен!“.

„Се препорачува физичка активност, особено не му е забрането да си ги обавува своите животни функции за да си заработи за егзистенција. За да ги обавува овие функции тој мора да биде на високи дози на аналгетици, да прима ампуларна терапија против повраќање – антиемитици и особено пациентот антиулкусна терапија против воспалување и појава на чирови во остаточниот дел од желудникот“, вели докторот Јованов.

Побаравме став од доктор Јованов, зошто Боки 13 е постојано физични активен ако е болен, на што ни посочи: „Лекарскиот конзилиум никогаш не му забранил физички активности на пациентот, особено што се препорачува што повеќе физичка активност“.

Докторите укажуваат дека Боки 13 не може да има соодветен третман во затворот, дека се соочува и со јаки болки, но и дека сето ова може да има катастрофални последици.

„Во затвор не може да прима адекватен хигиено диететски режим, ниту да ја прими терапија секогаш кога му е потребна, во даден момент. Пациентот кога има јаки болки доаѓа и два до три пати во болница за да може да функционира. Особено во затворски услови не може да се спроведува хигиено-диететски режим, а ако тој не се спроведува, ќе дојде до катастрофални последици кои можат да бидат и смртни. Хигиено-дитетскиот режим и спроведувањето на таквиот протокол е најважен за овој тип болест“, додаде доктор Јованов.

При промоцијата на спотот за „Само една песна таговна“ која ја препреа, Бојан Јовановски самиот се осврна на коментарите дека не треба да биде на слобода и дека му е добра здравствената состојба.

„Многумина ќе кажат како, оди, пее, се слика – тоа јас најдобро си го знам. За да и оваа песна ја издржам со вас, претходно имав тераписки третман, па дојдов, се спремив и изгледам вака како што изгледам. Бидејќи ова е мојата работа, а мојата работа е мојот живот“, додаде Боки 13 и рече: „Ќе замолам, бидејќи е непристојно било кој да коментира било чија здравствена состојба. Јас и на тие што ја коментираат негативно а и на сите луѓе ќе им посакам да имаат пред се и над се здравје. Без тоа џабе ни е се, ако немаме здравје“.

Боки 13 доби прекин на казна врз база на медицинска документација која ја достави до јавноста. Во неа, освен препораки и насоки од доктори за таков чекор, имаше белешки од Итна медицинска помош во кои се констатира дека неговата болест не може да се третира во затворот „Идризово“ бидејќи ја нема соодветната терапија, нема постојано доктор, ниту пак услови за хигиено-диететски режим каков што му е потребен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова вели дека е очекувана одлуката на Уставниот суд за подготвителна седница
Следна Статија Поднесени кривични пријави против двајца поранешни директори на Фондот за иновации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

До каде оди криминалот: Крим техничар од шкаф на работа украл 25.000 евра и злато од 50.000 евра

На 03.07.2025 во 17.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода полицискиот службеник Д.С.(51) од Гостивар, поради…

July 4, 2025
ХРОНИКА

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со завршен збор на…

June 18, 2025
ХРОНИКА

(Видео) Возач со „голф“ влечеше коњ низ центарот на Скопје, полицијата го идентификуваше

Се огласија од полицијата во врска со видеото кое вчера беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа…

April 18, 2025
ХРОНИКА

Гостиварец силувал 13-годишно девојче кое го запознал на социјалните мрежи

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик…

January 5, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?