Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Очекувам стабилна грејна сезона и покрај затекнатите предизвици во комбинатот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Очекувам стабилна грејна сезона и покрај затекнатите предизвици во комбинатот
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Очекувам стабилна грејна сезона и покрај затекнатите предизвици во комбинатот

Објавено October 28, 2024 19:00
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска заедно со раководството на Комбинатот и членови на Управниот одбор на АД ЕСМ, беше во посета на најголемиот производствен капацитет на електрична енергија во земјава РЕК Битола, информираат од МЕРМС.

– За жал, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола затекнаа тешка состојба во нашиот најголем производствен капацитет. Еден блок од термоелектраните, односно ТЕ Битола 1, воопшто не бил ремонтиран, а веќе влеговме во грејна сезона. Таа постројка според оперативниот план, требало да подложи на ремонтни зафати во март годинава, односно веднаш по завршувањето на претходната грејна сезона, но тоа не било реализирано. Колку што е возможно, во техничко-технолошка смисла, стручните екипи на АД ЕСМ и на РЕК Битола го подготвија овој капацитет да биде на располагање на електроенергетскиот систем во текот на зимата и периодично да се вклучува во електроенергетската мрежа, рече Божиновска.

Како што стои во соопштението, РЕК Битола во моментов работи според енергетскиот биланс за овој период, со два блока. Во претстојните месеци, доколку е потребно во план е да се активира и третиот блок.

– Свесни сме дека станува збор за капацитети стари преку четири децении. Вработените во РЕК Битола ги знаат сите можни предизвици и ќе направат сè што е во нивна моќ максимално да ги одржат работните процеси во термоелектраната во текот на претстојната зима. Зголемувањето на домашното производство е наш императив и добив уверување дека се преземаат сите потребни чекори за континуирано и доверливо производство на електрична енергија во текот на зимата, рече Божиновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Победата на Борисов и Петков од лошо полошо за Македонија
Следна Статија Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески го поддржуваат денешниот бојкот на големите ланци маркети и сметаат…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Невработени, студенти, ученици и пензионери, ќе можат да бидат ангажирани без губење на веќе стекнати права

Се очекува формализација на 17.400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера,…

January 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Бројот на производи во „Новогодишната кошница“ достигна 1036, расте интересот на компаниите да се приклучат во акцијата – граѓаните да пријават забелешки!

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко…

December 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трет мобилен оператор во Македонија: Процедурата за лиценца веќе започна – потребата за поголема конкуренција е непоходна, вели Николоски

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека повеќе нема никаква дилема околу потребата за воведување трет мобилен оператор во Македонија. Тој посочи…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?