Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бројот на производите во новогодишната кошничка може да надмине 800
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бројот на производите во новогодишната кошничка може да надмине 800
ЕКОНОМИЈА

Бројот на производите во новогодишната кошничка може да надмине 800

Објавено December 7, 2024 16:05
Сподели
Сподели

Секојдневно расте бројот на производите кои ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка. Досега се 713, а се очекува да надмине 800 производи кои ќе добијат пониски цени за 10 проценти, изјави во Прилеп заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Додаде дека на една недела пред примената на мерката се пријавени 63 компании.

-Оваа новогодишна кошничка е поразлична од другите зашто, прво , е креирана од бизнис секторот и влегувата производителите, увозниците, дистрибутерите и трговците на големо и мало. Интересот е многу голем и секојдневно се пријавувата компании. Почетно беа околу 650 производи, сега бројката надминува 700, односно, досега се вклучени 713 производи или 63 компании кои учествуваат во оваа мерка, изјави Ристески.

Тој има поголеми очекувања од оваа новогодишна кошничка и опфатот на производи да стигне над 800.

-Очекувам заштедата да биде многу поголема од претходните кошнички. Тогаш беа опфатени окоу 520, а сега бројката сигурно ќе оди над 800 производи. Секако анализите и на Министерството и на Заводот за статистика допрва ќе се прават од ефектите на кошничката, рече Ристески.

Примената на мерката за новогодишната кошничка ќе почне на 15 декември и ќе трае до 15 јануари со сите производи кои му се потребни и ќе ги користи семејството за празниците, а опфатот се зголемува. До секој производ ќе стои назнаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, но и претходната и цената опфатена со намалувањето. Граѓаните не им веруваат на трговците и сметаат дека тие манипулираат со цените. Ристески уверува дека Инспекторатот на терен будно ќе ја следи примената на мерката.

-Мониторингот ќе го врши пазарната инспекција која ќе биде на терен, во маркетите. Инаку, според Законот за заштита на потрошувачите, кога има одредени акции, треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, значи од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10 проценти намалување, објаснува Ристески.

Министерството за економија и труд ги повикува другите компании да се вклучат во мерката која стартува на 15 декември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола
Следна Статија Трагедија во Скопје: Почина десетмесечно бебе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето

Во Народната банка се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба за…

December 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

„Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската „Фор-ај-џи“, е единствената компанија која достави понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: До почетокот на туристичката сезона ќе биде готов патниот правец од Охрид до Свети Наум

Реконструкцијата на патниот правец од Охрид до Свети Наум продолжува и е предвидено да биде завршен до почетокот на туристичката…

March 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Фереро“ е на мета на Европската комисија за можно кршење на правилата за конкуренција

Италијанскиот гигант за чоколадо и слатки „Фереро“ денес потврди дека е под истрага на Европската комисија за можно кршење на…

April 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?