Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Водици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Водици
МАКЕДОНИЈА

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Водици

Објавено January 19, 2025 10:00
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници.

„На овој светол и благословен ден, кога небото се отвора и Божјата светлина се спушта на Земјата, ви го честитам големиот христијански празник Богојавление ̶ Водици.

Овој празник има длабоко духовно значење и особена симболика во нашата вера. Исусовото крштевање во реката Јордан не претставува само осветување на водата, туку чистење, духовна обнова и нов почеток. Богојавление е ден кога ја чувствуваме Божјата присутност во нашите животи, ден кога со отворено срце ја примаме љубовта и светлината којашто Бог ни ја дарува, потврдувајќи ја нашата верба во него.

Денес кога го славиме Божјото откровение на Земјата, ние сме повикани да го покажеме најдоброто и најсветлото на овој свет. Оваа година нека биде година на обнова, љубов и заедништво, со Божји благослов, а овој празник нека биде поттик за сите нас со верба да продолжиме по патот на љубовта и правдата, да бидеме светлина за другите и да градиме поубав свет исполнет со милост и со сплотеност.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Богојавление ‒ Водици. Бог се јави!“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
Следна Статија Примирјето во Газа одложено, Хамас не го доставил списокот на заложниците за ослободување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски назначи нови в.д. директори во „Дрисла“ и „Градски паркинг“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши кадровски промени во две клучни градски јавни претпријатија, поставувајќи нови вршители на должност…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Чешкиот „ Блек хок“ го стави под контрола пожарот на Готен

 Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ полета кон огнената стихија на планината Готен. Со таканаречени „бoмби“ резервоар со капацитет од над 3.400…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Секој граѓанин заслужува да има увид во тоа како се трошат јавните средства

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешниот дигитален хакатон со млади во Собранието, истакна дека е време е за…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Со владиниот авион ќе се евакуираат македонски граѓани од Израел

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион ќе биде ангажиран во евакуацијата на неколку македонски граѓани во Израел. Секојдевно…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?