Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четврта последовна светска титула за Данска, Хрватска немаше шанси во финалето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Четврта последовна светска титула за Данска, Хрватска немаше шанси во финалето
СПОРТ

Четврта последовна светска титула за Данска, Хрватска немаше шанси во финалето

Објавено February 3, 2025 08:26
Сподели
Сподели

Ракометната репрезентација на Данска четврти пат по ред стана светски шампион. Данска, во финалето во Осло, убедливо ја совлада Хрватска со 32:26 (16:12)

Ракометарите на Данска ја оправдаа улогата на фаворити во дуелот за златниот медал.

Селекторот Николај Јакобсен, кој ја предводи Данска од 2017 година, ја предводеше својата земја до четвртата последователна светска титула. Таа серија започна во 2019 година со убедливата победа над Норвежаните (31:22) на домашен терен во Хернинг. Славеа во Египет (финале против Шведска – 26:24) две години подоцна, а хет-трикот беше комплетиран во Стокхолм против Французите (34:29).

Скандинавците го диктираа темпото уште од стартот. Хрватска во првите 10 минути постигна само еден гол. Данска оствари предност од трии гола и таа предност лесно ја одржуваше во првиот дел.

Во вториот дел Данците влегоа фуриозно, а практично го решија мечот во 42.минута кога дојдоа до двоцифрена разлика (24:14).

Без сомнение, играч на натпреварот е 24-годишниот Матијас Гидсел. Десниот бек на Фуксе Берлин имаше импресивни учинок 10 гола од 11 удари, како и четири асистенции и една украдена топка. Извонреден на голот беше и Емил Нилсен со 14 интервенции.

Избраниците на исландскиот стручњак Дагур Сигурдсон беа комплетни аутсајдери во ова финале и не го повторија подвигот од Португалија во 2003 година.

Финалниот меч беше последен за Домагој Дувњак и Игор Карачиќ во дресот на Хрватска. Дувњак е рекордер според бројот на постигнати голови и одиграни натпревари во националниот тим.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотреси го тресат Санторини, училиштата се затвораат поради страв, издадени предупредувања
Следна Статија Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Нејмар на мака, не може да ги пренесе луксузните автомобили од Саудиска Арабија во Бразил

Фудбалерот на Сантос, Нејмар, не може да ја пренесе својата колекција од скапи автомобили во Бразил, пренесува „Diario Sport“. Ова…

February 22, 2025
СПОРТ

Шкендија утре игра за историја

Фудбалерите на Шкендија ја испишуваат клупската историја и се првиот македонски фудбалски клуб со европска пролет. Македонскиот првак утревечер од…

February 18, 2026
СПОРТ

Победа на РК Вардар за своите фанови и за настраданите во Кочани

Победа на РК Вардар во скопското дерби со Алкалоид 34-26. Вардарци го имаа водството во текот на целиот меч а…

April 2, 2025
СПОРТ

Јончевски: Промашивме многу отворени шутеви

На прес-конференцијата по натпреварот со Естонија селекторот на македонската машка репрезентација Александар Јончевски го изнесе својот став за одиграното. „Одигравме…

February 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?