Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Стојковски: Недостасуваат лекови за околу 40 до 60 пациенти во моментов, другите ја примаат потребната терапија на Онкологија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Стојковски: Недостасуваат лекови за околу 40 до 60 пациенти во моментов, другите ја примаат потребната терапија на Онкологија
ЗДРАВЈЕ

Д-р Стојковски: Недостасуваат лекови за околу 40 до 60 пациенти во моментов, другите ја примаат потребната терапија на Онкологија

Објавено January 28, 2025 16:28
Сподели
Сподели

Недостасуваат лекови за дел од третманот за околу 40 до 60 пациенти во моментов. Повеќето од пациентите кои се третираат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, ја примаат потребната терапија, рече денеска директорот на клиниката, Игор Стојковски.

Тој најави дека дел од лековите очекуваат во најкраток можен рок да дојдат, можеби во текот на утрешниот ден, а за други лекови работеле заедно со директорот на Фондот на обезбедување на донација.

Една брза постапка, што ќе може да бидат во најбрз временски рок. Само да потенцирам дека повеќето од пациентите што се третираат на универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија, ја примаат потребната терапија, хемо, радиотерапија и биолошка терапија. Недостасуваат лекови за дел од третманот за околу 40 до 60 пациенти во моментов. Верувам дека во најбрз временски рок ќе ја обезбедиме таа терапија. Од околу пет илјади новорегистрирани пациенти на клиниката, над 95 проценти ја примаат соодветната терапија. Дефектура настана поради зголемен број на пациенти и кратка дефектура од еден лек, но пациентите се префрлаа на друг лек, што сега во моментов е во дефектура, појасни Стојковски.

Првиот човек на клиниката подвлече дека со добро и соодветно планирање, ќе ги направат сите напори да ги има сите лекови во секое време.

Директорот на ФЗО, Сашо Клековски рече дека во петок треба да бидат одобрени годишните планови и многу брзо после тоа треба да се има капацитет за спроведување на редовната годишна набавка.

Како што претходно информираа за МИА дел од пациентите на Онкологија, има недостиг од лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Стравуваат дека за брзо време може да ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мојсоски и Каевски на суд за злоупотреба на спортските ваучери
Следна Статија 12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Поликлиниката „Бит Пазар“ доби педијатриски дежурен пункт што ќе функционира ноќе и за викенди

Дежурната служба во поликлиниката „Бит Пазар“ доби педијатриски дежурен пункт што ќе функционира секој ден од 19 часот до 7…

February 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе

Планинарски марш со кој се започна овогодишната кампањата “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”, се одржа вчера во Скопје.…

November 4, 2024
ЗДРАВЈЕ

ВИДЕО: Научници направија прва снимка од имплантација на човечки ембрион во матка

Тим научници за првпат сними човечки ембрион како се имплантира во матката во реално време и во 3D. Снимката е…

August 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Доктор Катерина Паниќ – Мирчовска нов в.д. директор на кочанската болница

По барање на повредени пациенти од трагедијата во Кочани, доктор Катерина Паниќ – Мирчовска е нов в.д. директор на кочанската…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?