Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Планираме изградба на нови патишта во Источна и Централна Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Планираме изградба на нови патишта во Источна и Централна Македонија
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Планираме изградба на нови патишта во Источна и Централна Македонија

Објавено February 9, 2025 19:08
Сподели
Сподели

Имаме силни амбиции за годините што следат а тоа е да изградиме експресен пат од Куманово до Страцин, да го продолжиме експресниот пат од Кочани преку Виница до границата со Бугарија, а исто така од Гевгелија преку Струмица да се поврземе со експресен пат со границата со Бугарија кај Ново Село, најави вицепремиерот и минстер за транспорт, Александар Николоски.

Веќе работиме на проектирање од Куманово до Страцин со цел да го поврземе автопатот од Скопје-Куманово до Србија со овој експресен пат и целото движење од Скопје до границата со Бугарија да биде со автопат или со експресен пат. Се надевам дека и бугарската страна ќе почне да работи, видов една позитивна изјава на колегата од Бугарија, тој исто како мене е вицепремиер и министер за транспорт. Се надевам дека ќе го оддржат зборот, така што почнавме проектирање, ќе бараме финансирање и очекувам најдоцна следната година да работиме и на тој дел.Имаме уште две амбиции за годиниве кои што се пред нас. Едната е ескпресниот пат од Штип до Кочани да го продолжиме на исток кон Виница и кон граница со Бугарија и втората е поврзување на двата коридори 10 и 11. Тоа е некаде над Гевгелија кај Смоквица преку Валандово – Струмица – Ново Село – граница со Бугарија, да се изгради експресен пат или автопат што многу ќе значи на луѓето од Централна и Источна Македонија да се поврзат не само со Бугарија туку и со Грција како алтернатива на вториот граничен премин, истакна вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж пронајден мртов во неговата куќа
Следна Статија Падна хеликоптер во Германија: Има загинати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Биткоин ETF: Рекорден трговски волумен од 40 милијарди долари сигнализира институционален интерес

Американскитеspot биткоин ETF-ови забележаа историски трговски волумен минатата недела, со IBIT во водечка позиција.

November 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бишев: Клучно е економското почитување на фискалните правила

Се наоѓаме во исклучително клучна точка кога треба да се оцениме дали се движиме во насоката што е усвоена со…

July 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места

Директорката на Германската стопанска комора (АХК), Антје Ванделт вели дека вработените во германските инвестиции во земјава не треба да се…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесува за постепено намалување на инфлацијата

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка,…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?