Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Никој не ги слуша: Маск бара да се затворат „Радио Слободна Европа и „Гласот на Америка“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Никој не ги слуша: Маск бара да се затворат „Радио Слободна Европа и „Гласот на Америка“
СВЕТ

Никој не ги слуша: Маск бара да се затворат „Радио Слободна Европа и „Гласот на Америка“

Објавено February 10, 2025 19:59
Сподели
Сподели

 Радио Слободна Европа и Гласот на Америка треба да бидат затворени, напиша синоќа на „Икс“, технолошкиот магнат Илон Маск во одговор на коментарите на Ричард Гренел, пратеник на претседателот Доналд Трамп за специјални мисии.

-Да, затворете ги. Европа сега е слободна (без да ја сметаме гушечката бирократија). Ало? Никој повеќе не ги слуша. Тоа се само лудаци од радикалната левица што си зборуваат меѓусебе и за тоа годишно трошат една милијарда долари пари на американските даночни обврзници, напиша Маск.

-Радио Слободна Европа и Гласот на Америка се медиуми финансирани од американските даночни обврзници. Тоа се државни медиуми. Овие организации се полни со активисти од крајната левица. Работев со овие новинари со децении. Тие се реликт од минатото. Нема потреба од медиуми финансирани од владата, изјави претходно Гренел. 

Маск и Гренел веќе изразија критики за тоа што американската влада субвенционирала медиумски организации, тврдејќи дека парите на даночните обврзници не треба да се користат за нивна поддршка.

Администрацијата на Трамп презема чекори за запирање на медиумските субвенции и претплати.

Како раководител на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ), Маск се спротивстави на тоа дека некои медиумски организации како Политико, Асошиејтед прес и Њујорк тајмс примале федерални субвенции и укажа дека тоо било неефикасно трошење на државниот буџет. Подржан од претседателот, ДОГЕ презеде акции против овие практики. И Гренел го осуди тоа што владата плаќала медиумски претплати за овие и други весници и портали

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Вага – понеделник, 10 февруари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Скорпија – понеделник, 10 февруари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Помалку од тројца од десет Британци мислат дека Брегзит е добра работа, а повеќето сакаат земјата да се врати во…

January 31, 2025
СВЕТ

Украина ја нападнала резиденцијата на Путин со повеќе од 90 беспилотни летала

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, соопшти дека Украина ја нападнала резиденцијата на рускиот претедател Владимир Путин во…

December 29, 2025
СВЕТ

Иран размислува да го смени главниот град

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека преместувањето на главниот град на Иран од Техеран станало неизбежно, наведувајќи ги пренатрупаноста и…

November 22, 2025
СВЕТ

Се има се троши: САД потрошиле околу 5,82 милијарди долари во првите 100 часа војна против Иран

Првите 100 часа од операцијата „Епски бес“ ги чинеа американските даночни обврзници најмалку 5,82 милијарди долари, што е околу 0,69%…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?