Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителката Наташа Крстевска Цалева ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека трае кривична постапка на Мустафа Хајрулахи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителката Наташа Крстевска Цалева ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека трае кривична постапка на Мустафа Хајрулахи
МАКЕДОНИЈА

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека трае кривична постапка на Мустафа Хајрулахи

Објавено February 10, 2025 13:30
Сподели
Сподели

Обвинителката од Вишото јавно обвинителство Наташа Крстевска Цалева ќе ја презема функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

Ваквата одлука беше едногласно донесена денеска на седница на Советот на јавни обвинители, каде што беше посочено дека вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи не може да раководи со Обвинителството со оглед на тоа дека против него се води кривична постапка.

Предлогот за преземање на функцијата од страна на Крстевска Цалева беше посочен од страна на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцески, како еден од можните девет јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство кои што би можеле да ја преземат функцијата да раководи со Обвинителството.

Сметам дека овие сега што ги има на број, треба навистина да се назначи обвинител којшто има интегритет, којшто нема никакви забелешки на неговата работа и обвинител кој ги врши сите работи. Јас како државен јавен обвинител можам да кажам дека во Вишото јавно обвинителство има обвинители кои што можат да ја вршат функцијата. Јас нема да предложам ни двајца, ниту тројца, туку само еден, а тоа е обвинителката Наташа Крстевска Цалева која што овој совет ја избра едногласно. Убеден сум дека може да ја врши функцијата чесно, законито и праведно, нагласи Коцевски.

Врз основа на наодите за констатираните состојби од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, во месец декември минатата година, Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи и еден јавен обвинител.

Од Јавното обвинителство тогаш информираа дека Коцевски ги разгледал записникот и конечниот извештај од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, како и службените белешки во прилог, и врз основа на наодите за констатираните состојби одлучил до Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавните обвинители да достави предлог за поведување дисциплинска постапка против јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје заради нестручно и несовесно работење во четири предмети во кои се откажал од жалба или обвинение.

Предлог за поведување дисциплинска постапка е поднесен и против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје пред кого била реферирана и со чија согласност била донесена одлука во три од наведените предмети, како и поради констатираните неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николовски: Се увезувале автомобили без да бидат платени царини, осум цариници добија откази
Следна Статија Хибридни напади ќе има, важно е институциите да соработуваат, вели Андоновски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нови сообраќајни правила од 26 септември: Поминување на пешачки со мобилен ќе се казнува 40 евра, користење на мобилен при возење 50 евра

Полека, полека му доаѓа крајот на пешачење со телефон на уво или возење тротинети со слушалки – измените во Законот…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Товарниот сообраќај трет ден блокиран, ако нема решение запира и меѓународниот автобуски превоз

Товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан кои од завчера поставија камиони на…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во прекин сообраќајот на Струмица Валандово поради сообраќајка

Поради сообраќајна несреќа утрово во прекин е сообраќајот на патот Струмица-Валандово на излез од село Костурино. Сообраќајот е во прекин…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

Управата за хидрометеоролошки работи за претстојната ноќ најави врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?