Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сопругата на Игор Југ: Душата нема да му се смири, се додека оваа неправда не биде решена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сопругата на Игор Југ: Душата нема да му се смири, се додека оваа неправда не биде решена
МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Игор Југ: Душата нема да му се смири, се додека оваа неправда не биде решена

Објавено February 10, 2025 09:14
Сподели
Сподели

Сопругата на починатиот Игор Југ, Ивана преку статус на социјалните мрежи ја изрази својата огромна загуба.

Претешка е судбината на тие кои за семејство ја сметаат татковината. Вистинското семејство е на маргините на болка, жал и голгота! Ако требало да се плати, нека тој биде последната жртва, а ние последното семејство кое ќе остане да се радува на секоја една слика. Игор Југ човекот кој ме научи на многу работи. Најтешката до пред два дена беше да живеам без него, скоро осум години.

За да на крај и навистина си замине засекогаш… Знам и најдобро од сите го познавам, душата нема да му се смири се додека оваа неправда не биде решена!!!

Тие што беа рамо до рамо со него се сведоци на онаа голгота која на сите до еден ни ги смени и уништи животите. Системот ги убива полека и тивко. Народ… Жеден за сензитивни вести и статуси по фб од тастатура се мрднува, верувајќи на збор. И зборот остана до ден денес само празно ветување!!!

Помешани мисли, склопувам коцки во глава и не знам каде погрешивме… Една реченица да ме послушаше сега уште ќе беше меѓу нас…. Денес ми е уште потежок ден од вчера, самото соопштување на Катарина за прераната смрт на нејзиниот татко е најтешкиот дел за мене. Не дека останатите ми се лесни, но овој ме уби и мене!

Се договоривме нашиот татко е најсветлата ѕвезда на небото. Не чува од таму некаде далеку, пази и не дозволува да ни е лошо. За да не ни е лут – нема да плачеме од утре, освен денес. Нека ни прости тато!!!

Ние на него никогаш нема да му простиме, што не остави и си замина!!! Го видовме на небото и го искаравме. Му пративме бакнежи и молби да не чуваат со бато Мартин…. Да тоа е мојата Катарина. Толку мала, а многу позрела од возрасните. Толку слаба, а сепак посилна од самата судбина…“, напиша таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анкета: Повеќе од половина македонски граѓани би прифатиле брак со лице од друга етничка заедница
Следна Статија (Видео) Публиката ја исвирка Тејлор Свифт на Супер Боул, нејзината реакција стана вирална

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се светнува Клиничкиот центар

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење…

January 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата

Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е…

May 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бурни реакции за состојбите во судството, откако судијка ѝ замрзна на компанија 1,5 милиони евра!

Судски спор меѓу компаниите „АР Груп“ и „МКМ Експрес“ отвори сериозни прашања за постапката пред Основниот граѓански суд во Скопје.…

March 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова не е правда, јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и да се анализира оваа пресуда

„Ова не е правда! Тука имаме потфрлање на системот по сите основи“.  Ова го истакна денес премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?