Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп потврди дека сака САД да ја купат Газа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп потврди дека сака САД да ја купат Газа
СВЕТ

Трамп потврди дека сака САД да ја купат Газа

Објавено February 10, 2025 08:50
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе објави царина од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД. Трамп тоа го зијави за новинарите во Air Force One и додаде дека ќе објави реципрочни тарифи утре или в среда, што ќе стапат на сила речиси веднаш и ќе значи дека САД ќе воведат увозни давачки за производи во случаи кога друга земја воведе царини за американски стоки.

За време на неговиот прв мандат, Трамп воведе царини од 25% за челик и 10% за алуминиум, но подоцна додели бесцарински квоти на неколку трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Мексико, ЕУ и Велика Британија.

Американскиот претседател, исто така, рече дека верува оти САД постигнуваат напредок во преговорите со Русија за војната во Украина, но одби да даде детали за неговиот неодамнешен разговор со рускиот претседател, додавајќи дека очекува нови разговори.

Трамп, исто така, рече дека е целосно посветен на неговиот предлог САД да ја купат и поседуваат Газа, но дека е можно да се дадат делови од територијата на други земји на Блискиот Исток за да помогнат во напорите за обнова.

Тој исто така изјави дека САД имаат помал долг отколку што се мислеше и се запраша дали може да има измама поврзана со исплатата на долгот.

Според американското Министерство за финансии, кое игра централна улога во глобалниот финансиски систем, САД во моментов имаат неподмирен национален долг од 36,2 трилиони долари.

Трамп изрази сомневање за иднината на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и рече дека ќе му дозволи на Стејт департментот да управува со преостанатите финансии, сугерирајќи дека дел од персоналот на агенцијата може да оди таму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп ја исмеа исвирканата Тејлор Свифт по завршувањето на Супер Боул
Следна Статија Почнува судењето на штипјанецот кој крвнички ја уби Емилија Пешева

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан против новиот буџет на ЕУ ако не се одмрзнат милијарди за Унгарија

Унгарската влада нема да го поддржи седумгодишниот буџет на ЕУ се додека Брисел не ги деблокира сите суспендирани европски средства,…

July 26, 2025

Британија: Луѓе кои никогаш порано не го направиле тоа, почнаа да крадат

Продавниците за храна во Велика Британија забележаа значително зголемување на кражбите од страна на пензионерите во текот на изминатата година…

May 13, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Палестинците масовно се евакуираат од Газа по големата офанзива на израелската војска

Илјадници семејства се обидуваат да избегаат од Газа додека израелската војска спроведува копнена операција како дел од нејзината голема офанзива…

September 16, 2025
СВЕТ

Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран

Русија презема мерки за да му помогне на иранскиот народ во услови на ескалација на Блискиот Исток, изјави денеска рускиот…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?