Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Да не гласаа Албанија, Уганда, Финска, Намибија Винисиус ќе ја добиеше Златната топка“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > „Да не гласаа Албанија, Уганда, Финска, Намибија Винисиус ќе ја добиеше Златната топка“
СПОРТ

„Да не гласаа Албанија, Уганда, Финска, Намибија Винисиус ќе ја добиеше Златната топка“

Објавено November 25, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Претседателот на Реал Флорентино Перез одржа говор на Ггенералното собрание на клубот. Тој уште еднаш го најави почетокот на Суперлигата и зборуваше за густиот распоред, а се осврна и на Златната топка, наградата за најдобар светски фудбалер, која годинава му припадна на играчот на Манчестер сити, Родри.

Да потсетиме, многумина очекуваа дека лауреат ќе биде крилниот напаѓач на Реал Винисиус Жуниор. Кога во Мадрид дознаа дека тоа нема да се случи, го бојкотираа доделувањето на наградата во Париз.

„Да не беа Намибија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше Златната топка. Гласаат луѓе кои не знаат за него. Покрај сето тоа, тие земји не му дадоа ниту еден глас“, рече Перез, а пренесува „АС“, нагласувајќи дека претседателот Реал во тој момент се насмеал. „Ниту еден глас! Барем финското жири потоа си поднесе оставка. Го ценам тоа“, додаде Перез.

Шпанецот Родри ја освои Златната топка пред тројца играчи на Реал Мадрид: Винисиус, Џуд Белингем и Дани Карвахал.

Мора да ги прашате организаторите кои се критериумите, но јасно е дека тие можат да прават што сакаат. Би ги прашал „Франс Фудбал“ и „Лекип“ (кои ја доделуваат Златната топка, оп. а.) дали има смисла да бидеме партнери со УЕФА. Гласањето за Златната топка треба да биде независно и треба да гласаат познати луѓе. “рече Перез и дополни.

„Родриго ја има нашата почит, тој ја заслужи Златната топка. Ама не оваа, мораше да ја добие играч на Реал, без разлика какви критериуми се применуваа. Винисиус требаше да ја добие, но можеше да оди и кај Карвахал. Тешко е да се објасни. Има изненадувања, како изјавата на УЕФА. Тие рекоа дека не влијаеле на гласачкиот систем.

„По ѓаволите, го сменија системот на гласање (од пет играчи на десет) и бројот на бодови (од шест на 15). Изненадувачки е што, бидејќи фудбалот е глобален, новинарите од земји со голема популација како Индија не гласаат, додека други со помалку од милион жители гласаат“, продолжи Перез.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украинците за прв пат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин
Следна Статија Овие витамини и минерали се важни за поддршка и зајакнување на имунитетот во зима

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Селекторот на Норвешка беше првиот „Ериксен“

Тринаесетти март 2001 година го промени животот на селекторот на Норвешка засекогаш. Стел Солбакен за време на лесен тренинг со Копенхаген, Стејл…

July 2, 2026
СПОРТ

Роналдо купи акции во овој шпански клуб

 Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, стана ко-сопственик на шпанскиот клуб од Втората дивизија, Алмерија. Според официјалното соопштение на Португалецот, договорот…

February 26, 2026
СПОРТ

„Срамни услови во Скопје“ – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација

Претседателот на Италијанската теквондо федерација, Анџело Чито, остро ја критикуваше организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), кој оваа година…

July 26, 2025
СПОРТ

Дуплантис по 11-ти пат во кариерата го урна светскиот рекорд во скок во височина (ВИДЕО)

Арманд Дуплантис, шведскиот атлетичар по 11-ти пат во кариерата го собори светскиот рекорд во скок во височина. На натпреварување во…

March 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?