Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дајте ни време, ќе го решиме случајот, не може јавноста да го стигматизира детето, порача Јаневска за третоодделенецот од ОУ „Лазо Ангеловски“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дајте ни време, ќе го решиме случајот, не може јавноста да го стигматизира детето, порача Јаневска за третоодделенецот од ОУ „Лазо Ангеловски“
МАКЕДОНИЈА

Дајте ни време, ќе го решиме случајот, не може јавноста да го стигматизира детето, порача Јаневска за третоодделенецот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Објавено December 6, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска побара јавноста да им даде на институциите неколку дена за да го решат случајот со третоодделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје, кој требаше да биде префрлен во училиштето „11 Октомври“.

Со тоа што во јавноста се врши притисок, според Јаневска, се прави стигматизација на ученикот.

„Ве молам да дозволете, неколку дена веќе работиме тимски. Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за социјала, демографија и млади го решаваат проблемот. Дозволете неколку дена да дојдеме до најсоодветното решение. Предвидуваме подлабоки и посериозни активности и постапки што ќе бидат во корист на детето и решавање на целиот случај“, кажа Јаневска одговарајќи на прашањето дали имаат решение на случајот.

„Не може целата македонска јавност да го стигматизира детето. Дајте ни време, ќе го решиме случајот“, порача таа.

Третоодделенецот, од чие однесување се пожалија родители од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, требаше да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бове повеќе не може да игра во Серија А, му вградија дефибрилатор
Следна Статија Им впериле пиштол и ги претепале: нападнати 18-годишник и негова другарка во близина на средно училиште во Аеродрoм

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дали сме навистина социјална држава, праша Сиљановска во честитката за 1 Мај

Во својата честитка за празникот на трудот, 1 Мај, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постави повеќе прашања кои се однесуваат на правата…

May 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нуркачи викендов ќе го чистат дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид викендов ќе ја реализира еколошката акција „Охрид ЕКО 2025“ за чистење на дното на Охридското…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Опасност од уривање карпи во Матка, движењето по патеката е забрането

Општина Сарај објави дека движењето по патеката Матка е забранет поради опасност од уривање на карпи. Според општината, одлуката е…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Менкиноски: Фактите и европските институции јасно покажуваат дека прашањето кое го отвораме не е антибугарско

Контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски на социјалните мрежи отворено се спротивстави на кандидатурата на адвокатот и борец за правата на…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?