Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали земјите од БРИКС формираат нов, мултиполарен свет?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Дали земјите од БРИКС формираат нов, мултиполарен свет?
СВЕТ

Дали земјите од БРИКС формираат нов, мултиполарен свет?

Објавено October 23, 2024 13:39
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин, во својство на домаќин на самитот на БРИКС во Казан, денеска ја отвори средбата на лидерите на „десетката“.

На отворањето на состанокот, Путин изјави дека „во тек е формирање мултиполарен свет“.

„Процесот на формирање мултиполарен свет е во тек, динамичен и неповратен процес“, рече Путин на почетокот на самитот, со кој Кремљ се обидува да направи противтежа на „западната хегемонија“.

Рускиот претседател додаде дека околу 20 лидери собрани во Казан ќе разговараат за „најитните прашања“, вклучувајќи ги и прашањата за „решавање на регионалните конфликти“.

Според него, сите земји-членки на БРИКС, не со зборови, туку со дела, имаат позитивно влијание врз стабилноста во светот.

„Сите наши земји се декларираат за еднаквост, добрососедство и меѓусебно почитување, за афирмирање на високите идеали на пријателство и договор, за универзален просперитет и благосостојба, покажуваат одговорност за иднината на светот не со зборови, туку со дела. Тие покажуваат навистина позитивно влијание врз ситуацијата во сферата на глобалната стабилност и безбедност, даваат значаен придонес во решавањето на акутните регионални проблеми“, истакна рускиот лидер.

Путин посочи дека групата ќе разговара за нејзиното проширување, со оглед на потребата да се одржи ефективноста. Тој додаде дека повеќе од 30 земји изразиле желба да се приклучат на БРИКС.

На тридневниот самит во Казан ќе се разговара и за прашања како што се проширувањето на плаќањата во национални валути и воведувањето на категоријата „земји партнери на БРИКС“ – еден вид алтернатива за натамошното проширување на асоцијацијата, која неодамна го удвои својот состав од пет на десет земји.

Се очекува лидерската средба да продолжи зад затворени врати. Потоа ќе следи средба во проширен формат со учество на делегации и се планира да биде отворена за медиумите.

БРИКС, кој првично се состоеше од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, се прошири и ги вклучи Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Турција, Азербејџан и Малезија поднесоа барање за членство, а интерес за приклучување изразија уште неколку земји.

На маргините на самитот, Путин ќе има бројни билатерални средби. За утре е планирана средба и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, кој утрово пристигна во прва посета на Русија по повеќе од две години.

Советникот за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека Русија ја поздравува мировната иницијатива на Кина и Индија за Украина, за која се разговараше за време на билатералните состаноци на маргините на форумот БРИКС во Казан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СКАНДАЛ: Познати фудбалски имиња вмешани во измама со пирамидална шема
Следна Статија Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Tрамвај удри во продавница во центарот на Осло

Трамвај удри во продавница во центарот на Осло, при што четири лица се повредени. Полицијата соопшти дека на сите им…

October 29, 2024
СВЕТ

Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува

Навид Акрам (24), еден од осомничените за терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, се разбуди од кома и во…

December 16, 2025
СВЕТ

Глобалните температури паднаа во 2025 година, но научниците предупредуваат на повеќе топлотни рекорди

Последните три години беа најтопли на Земјата, додека човечките јаглеродни емисии продолжуваат да ја загреваат планетата.

January 15, 2026
СВЕТ

Во Кина се гради највисокиот мост во светот – инженерски подвиг на 625 метри над река

Кина во јуни ќе го пушти во употреба највисокиот мост во светот, најновото инженерско достигнување на држава која постојано инвестира…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?