Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дамева замина: Мандатот и истекува задутре, но претседателката на Судскиот совет одлучи денеска да си оди со оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дамева замина: Мандатот и истекува задутре, но претседателката на Судскиот совет одлучи денеска да си оди со оставка
МАКЕДОНИЈА

Дамева замина: Мандатот и истекува задутре, но претседателката на Судскиот совет одлучи денеска да си оди со оставка

Објавено December 2, 2024 12:12
Сподели
Сподели

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева денеска на прес-конференција информира дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

Нејзиниот мандат секако би завршил за неколку дена, односно на 5-ти месецов.

Инаку, Дамева минатата недела во изјава за јавноста рече дека имала право да остане уште осум месеци на чело институцијата.

На оваа одлука реагираа повеќе политичари, судии, обвинители и адвокати според кои без разлика на сѐ, нејзиниот мандат завршува за една недела.

На собраниската седница за пратенички прашања реагираше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој рече дека Дамева сакала незаконски да си го продолжи мандатот.

По пишувањето на социјалните мрежи на пратеникот Антонијо Милошоски дека Дамева треба итно да си оди во декември кога нормално би ѝ истекол мандатот ако не беше насилно разрешена и оти тие 8 месеци не треба да ги доработи на функцијата претседателка на Судскиот совет и премиерот Мицкоски од собраниската говорница рече дека Дамева сакала незаконски да си го продолжи мандатот.

Според Милошоски, правен аргумент е членот 8 од Законот за Судски совет, каде пишува дека мандатот на претседателот и заменикот претседател на Судскиот совет трае само 2 години.

Весна Дамева е избрана на 05.12.2022 година и нејзиниот мандат завршува на 05.12.2024 година, истакна Милошоски и додаде дека очекува Судскиот совет едногласно да констатира дека мандатот на Весна Дамева на петти декември ѝ завршува и да изберат друг кандидат.

Судскиот совет треба да биде извор на право и на највисоки судски стандарди, а не прекршител на правото и создавач на правни компликации. Доколку после петти декември членот на Судскиот совет, Весна Дамева и понатаму продолжи да потпишува решенија и одлуки на Судскиот совет како претседател на РСС, тогаш таа прави кривично дело, го крши членот 353 злоупотреба на службена положба и овластување и се соочува со ризик да биде обвинета и да е изведена пред суд – вели Милошоски.

Милошоски продолжи и додаде: Сè уште немаме комплетна слика за тоа што се случува во Судскиот совет, зошто? Затоа што во минатиот понеделник тие имале затворен колегиум на којшто донеле заклучок за одредено продолжување на мандатот на Весна Дамева, иако Судскиот совет со заклучок не може да биде над законската норма од Законот за судски совет, член 8. И втората работа е што на оние членови на РСС кои гласале ‘за’, им дозволиле да го потпишат тој записник, а на тие членови кои биле ‘против’ – не им дозволиле да го потпишат тој записник.

Милошоски истакна дека во Судскиот совет има силна поларизација.

Се гледа дека во Судскиот совет има силна поларизација каде оние кои се поблиски до СДСМ и ДУИ како Весна Дамева, Ханиф Зендели и Антоанета Димовска и други веројатно ја водат играта – кажа Милошоски.

Милошоски вели дека Судскиот совет наместо угледна институција, стана институција на заткулисни игри.

Судскиот совет наместо да биде угледна институција за судството и јавноста, таа стана институција на заткулисни игри и гледаме дека довчерашните ‘смртни непријатели’, Весна Дамева и господинот Селими, сега се најголеми пријатели. Но можеби ги поврзуваат одредени судски интереси, бизнис-интереси или некои други материјални придобивки – заклучи Милошоски.

Одлуката, како што рече, ја донела за да го заштити својот углед, но и фамилијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До крајот на месецов исплата на К-15, еве колку пари ќе легнат на сметката на работникот
Следна Статија Шолц од Киев: Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тенкови и хеликоптери од САД и од Грција пристигнаа на Криволак за најголемата воена вежба годинава

Тенкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата Immediate Response 25.…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Претходното раководство на Македонски пошти планирало да ја издаде централната зграда за ресторан со кабаре!

Претходното раководство на Македонски Пошти планирале да го издадат објектот на централната зграда за ресторан со кабаре, соопшти вицепремиерот и…

November 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од Скопската котлина

На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЕНЕС Е ОГНЕНА МАРИЈА: Ова никако не смеете да го правите

Православната црква и верниците на, 30 јули, го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија,…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?