Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП со апел: Даночни обврзници не чекајте, навреме поднесете ги ДДВ-04 пријавите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП со апел: Даночни обврзници не чекајте, навреме поднесете ги ДДВ-04 пријавите
ЕКОНОМИЈА

УЈП со апел: Даночни обврзници не чекајте, навреме поднесете ги ДДВ-04 пријавите

Објавено October 18, 2024 16:29
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет.

До моментов поднесени се само 6.607 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина.

Управата за јавни приходи потсетува дека поднесувањето на ДДВ-04 пријавата не е само законска обврска, туку и начин да се заштитите од непредвидливи трошоци и понатамошни постапки. Не чекајте до последен момент, навремено доставете ги пријавите и избегнете стрес.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации и поддршка можат да ги упатат своите прашања и коментари, поткрепени со документација на инфо сандачето info@ujp.gov.mk. Нашите даночни службеници ќе ги разгледаат и ќе помогнат во решавањето на истите.

За дополнителна поддршка, доколку се јавувате од фиксна линија, можете да се обратите на телефонскиот број 0800 33 000, а доколку се јавувате од мобилен телефон, повикајте 02 3253 200, соопштуваат од УЈП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мазутот поевтин, бензините и дизелот остануваат со иста цена
Следна Статија Уништени 100 килограми небезбедно месо во Куманово – казни од 100 до 1000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Соларниот парк „Стипион“ ќе произведува струја за цел еден град

Изградбата на соларниот парк „Стипион“ кај Штип, ќе  произведува струја за цел еден град, а со тоа ќе придонесе за…

March 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Државата не се откажува од ништо што носи бенефит, а Чебрен ќе стане реалност, потврди Божиновска

ХЕЦ Чебрен ќе стане реалност, што е потврда дека секој мегават од браната која ќе биде изградена, ќе претставува чекор…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал

Управата за јавни приходи ја информира дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?