Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дарио Ивановски е добитник на наградата „13 Ноември“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Дарио Ивановски е добитник на наградата „13 Ноември“
СПОРТ

Дарио Ивановски е добитник на наградата „13 Ноември“

Објавено November 12, 2024 20:00
Сподели
Сподели

Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје, организираше свеченост за доделување на наградите „13 Ноември“ на спортисти, тренери, спортски работници и организации, кои изминатата година постигнаа одлични резултати и придонесоа за развој и унапредување на македонскиот спорт во различни категории.

На свеченоста што се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“ беа доделени 10 награди на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Управниот одбор на Сојузот. Оваа награда претставува признание за исклучителните придонеси на добитниците во спортската област, со што тие оставија трајна трага во развојот на спортот и во промоцијата на спортските вредности во нашата заедница.

Наградата „13 Ноември“ – Спортист беше доделена на еден од најуспешните македонски атлетичари Дарио Ивановски, кој минатата година настапи на маратонот на Олимписките игри во Париз 2024 и стана стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка. Ивановски продолжи да постигнува одлични резултати и во 2024 година, остварувајќи неколку лични рекорди, а го освои и третото место на маратонската трка на годинашниот Виз Ер Скопски маратон.

Наградата Тренер ја доби Игор Јакимовски, тренер на атлетичарот Дарио Ивановски, кој е еден од најзаслужните за резултатите на Дарио.

Наградите за животно дело им припаднаа на Владимир Радиќ, поранешен ракометен тренер, кој беше и на кормилото на некогашниот женски европски шампион Кометал Ѓорче Петров, Ѓоко Хаџиевски, македонска фудбалска легенда и некогашен селектор на фудбалската репрезентација на Македонија и Ѓорѓи Чадиковски, атлетски тренер.

Останатите добитници на наградата „13 Ноември“ за 2024 година се Марјан Угриновски – Професор во Основното училиште „Јан Амос Коменски“, Мирјана Крстевска – Професор во СУГС „Димитар Влахов“, Филип Поповски – Фудбал, спортски работник и Влатко Неделковски – Декан на Факултет за физичка култура, спорт и здравје, спортски работник.
Наградата „13 Ноември“ му припадна и на Спортското радио 90.3, за посебен придонес за промоција и развој на спортот во нашата држава.

Наградите „13 Ноември“ се доделуваат уште од 1970 година, по повод ослободување на градот Скопје. Наградата се доделува за особени заслуги во развој и унапредување на спортот како и за врвни спортски достигнувања на заслужен спортист, тренер, професори по спорт, спортски новинари, спортски работници и награди за животно дело во областа на спортот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проверете си ги сметките, почна исплатата на „Мој ДДВ“
Следна Статија Уапсен маж пред британскиот парламент: носел ножеви на јавно место

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Превц е човек птица

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц со два извонредни скока (лета) стигна до победа на натпреварувањето на леталницата во Кулм, притоа во…

March 1, 2026
СПОРТ

Андреј Арловски триумфира во борба без ракавици

Андреј Арловски ја освои титулата во тешка категорија во борба без ракавици против Бен Ротвел

February 9, 2026
СПОРТ

Ненадејно почина Николче Здравески, легендата на прилепскиот фудбал

На 54-годишна возраст синоќа ненадејно почина Николче Здравески, поранешен фудбалер на Победа од Прилеп. Здравески како фудбалер го предводеше прилепскиот…

April 30, 2025
СПОРТ

Aркан бил донесен за да ги создаде „Делиите“

Новинарот Марко Лопушина изнесе досега непознати детали за Жељко Ражнатовиќ Аркан. Тој тврди дека Аркан бил донесен од странство за да…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?