Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Давид Де Хеа сè уште е класа голман, одбрани два пенали против Милан (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Давид Де Хеа сè уште е класа голман, одбрани два пенали против Милан (ВИДЕО)
СПОРТ

Давид Де Хеа сè уште е класа голман, одбрани два пенали против Милан (ВИДЕО)

Објавено October 7, 2024 09:10
Сподели
Сподели

Фиорентина го победи Милан со 2:1 во неверојатен натпревар, кој ќе се паменти по три одбранети пенали, два во првиот дел и еден на почетокот на вториот дел.

Првиот пенал го одбрани голманот на гостите Мајк Мањан, другите два домашниот голман и Давид Де Хеа.

Во 20. минута, судијата Лука Паирето доби повик од ВАР собата поради спорна ситуација на работ од шеснаесетникот во која беа вклучени Додо од Фиорентина и играчот на Милан, Тео Ернандез.

Пеналот го изведе Мојс Кин, но Мањан излезе како победник, тој фати „жива топка“.

„Виолетовите“ тогаш не постигнаа гол, но постигнаа во 35. минута, а стрелец беше Јасин Адли, фудбалер на Милан испратен во Фиорентина на позајмица.

Екипата на Милан имаше одлична можност да израмни во судиското надополнување на првото полувреме, но Давид Де Хеа успеа да го „прочита“ Тео Хернадес и да го одбрани пеналот.

Во 56. минута нов подвиг на Де Хеа, му одбрани пенал на Тејми Ејбрахам.

Сепак, само четири минути подоцна не можеше ништо: Тео Ернандез асистираше, Кристијан Пулишиќ елегантно ја испрати зад грбот на Де Хеа за 1:1.

Во меѓувреме и двете екипи создадоа неколку добри ситуации, а во 73. минута Алберт Гудмундсон со прецизен удар повторно ја доведе Фиорентина во водство.

Натпреварот беше тензичен, во 85. минута црвен картон доби тренерот на Фиорнетина, Рафаеле Паладино, а на крајот црвендоби и капитенот на Милан, Тео Ернандез.

Милан по поразот е шести на табелата со 11 бодови, Фиорентина е на 11. место со бод помалку.

Во следното коло Фиорентина оди кај Лече, додека Милан го пречекува Удинезе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фицо: Украина нема да стане членка на НАТО се додека сум јас премиер
Следна Статија Мицкоски: Проект за 250 евра ваучер за таблети за сите студенти и до 10.000 евра за бизнис за млади

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Елмас: Дојдовме, видовме, победивме

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, не го криеше задоволството од освоените три бода во Астана од квалификацискиот натпревар со Казахстан…

June 9, 2025
СПОРТ

Познат распоредот за новата сезона во Премиер лигата

На стартот од новата сезона во Премиер лигата на 21. август (петок) првакот Арсенал на домашен терен го пречекува повратникот…

June 19, 2026
СПОРТ

Демировиќ има згодна мајка

Иако репрезентацијата на Босна и Херцеговина постигна забележителни резултати на Светското првенство, не беше само фудбалот тој што го привлече…

June 26, 2026
СПОРТ

Фото: ФИФА ја претстави Трионда, официјалната топка на СП2026

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја претстави официјалната топка за Светското првенство во 2026 година, кое заеднички ќе го организираат САД,…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?