Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дедото на Вања: Александар беше на лечење и се излечи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Дедото на Вања: Александар беше на лечење и се излечи
ХРОНИКА

Дедото на Вања: Александар беше на лечење и се излечи

Објавено November 15, 2024 11:13
Сподели
Сподели

Се јавив да прашам како се, и мајката на Александар ми кажа дека ја нема Вања, рече на денешното рочиште таткото на Александар Ѓорчевски, Зоран. Со мајката на Александар, како што наведе, се разведени 40 години.

Зоран Ѓорчевски пред судот рече дека потоа се слушнал и со синот и од него побарал да се јави кај некои пријатели и деловни партнери да праша дали имаат информации.

За Гоце, за кого досегашните сведоци открија дека на барање на Александар трагал по Вања, рече дека со неговата фамилија се стари кумови и знае дека и тој учествувал во потрагата.

Информациите за тоа до каде е потрагата, главно ги дознавал, како што кажа, од ќерката Оли.

Таткото за синот рече дека работел во „Фершпед“ и „Кометал“ и повторно во „Фершпед“.

Кога се случи настанот тој не работеше и се издржуваше од мојата и од пензијата на мојата поранешна сопруга. Беше и на лечење и се изглечи, откри таткото Зоран.

Ѓорчевски за себе рече дека бил деловен човек и оти до пензионирањето работел во „Интеримпекс“, „Макошпед“, „Технометал“ и „Кометал“.

Потоа беше прашан дали Александар имал долгови и зависност.

„Немаше долгови. Имаше зависност, но се излекува па стапи во брак. Немаше никакви проблеми, вообичаени во младоста, се излечи, па се ожени“, рече Зоран Ѓорчевски, кој кажа дека не се познава со Љупчо Палевски.

И мајката на Александар, Иванка Ѓорчевска рече дека синот бил зависник од дрога, но дека тоа било успешно завршено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Политичар во Јужна Кореја осуден за лажење
Следна Статија ЕУ го казни Фејсбук со 800 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Можно евакуирање на населението во реонот на пожарот во Визбегово

Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик…

July 9, 2025
ХРОНИКА

Го запреле за контрола, а тој со тврд предмет го скршил стаклото на полициското возило

Во раните утрински часови на 19 јули во скопската населба Илинден се случил инцидент при кој е оштетено службено полициско…

July 19, 2025
ХРОНИКА

Кавадарчанец осуден на една година затвор за напад врз полициски службеник

Четириесет и шестгодишен кавадарчанец е осуден на една година затвор затоа што со автомобил удрил во полициски службеник кој сакал…

December 27, 2025
ХРОНИКА

Мајка ја наведувала нејзината малолетна ќерка на проституција цели четири години

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, поднесе кривична пријава против Љ.Н.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?