Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Демонстранти водени од европратеникот Џамбаски упаднаа во театар во Софија со тепање да спречат претстава на Џон Малкович, оти била антибугарска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Демонстранти водени од европратеникот Џамбаски упаднаа во театар во Софија со тепање да спречат претстава на Џон Малкович, оти била антибугарска
БАЛКАН

Демонстранти водени од европратеникот Џамбаски упаднаа во театар во Софија со тепање да спречат претстава на Џон Малкович, оти била антибугарска

Објавено November 8, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Стотици граѓани синоќа ги окупираа влезовите на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија , а некои од нив влегоа внатре и се расправаа со директорот Васил Василев и продуцентот на претставата на холивудската ѕвезда Џон Малкович, „Оружје и човекот“ .

Малкович гостуваше со претставата работена според текстот на Бернард Шо, едно од неговите најпоставувани дела, која важи за пародија на национализмот и империјализмот. Според „Факти“, Малкович изјавил дека не разбира бугарски јазик и не сфаќа во што е проблемот.

Демонстрантите реагираа дека претставата е антибугарска, како и дека ги исмева бугарските војници и бугарскиот народ, бидејќи ги претставува Бугарите за време на српско-бугарската војна (1885). Според нив претставата е навреда за националните и христијански вредности и дека Василев тоа го дозволил.

За време на вчерашните судири, демонстрант му ги зел и скршил очилата на актерот Владо Пенев, директорот на театарот завршил со искината кошула и вратоврска, а пред театарот бил нападнат познатиот режисер и сценарист Тео Ушев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсени три лица поради смртта на Лиам Пејн
Следна Статија (Видео) Украинците објавија снимки: „Русите масовно ставаат термобарични бомби на дронови“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Хил: САД ќе се обидат да му кажат на Балканот сам да си ги решава проблемите

Поранешниот амбасадор на САД во Србија Кристофер Хил смета дека завршило времето кога „една балканска земја може да отиде во…

June 16, 2025
БАЛКАН

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит кон загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие…

March 20, 2025
БАЛКАН

Пленковиќ: Четворица повредени од Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска

Четворица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Македонија за два дена ќе пристигнат во Хрватска со хеликоптери на хрватската…

March 17, 2025
БАЛКАН

Силувана жена на плажа во Грција

26-годишен маж вчера е уапсен во центарот на Атина за силување на жена минатата недела на плажа во Лаврио, во…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?