Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЕНЕСКА Е МИТРОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА: Секогаш се паѓа во сабота, се пали свеќа, молитва и се изразува помен за починатите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДЕНЕСКА Е МИТРОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА: Секогаш се паѓа во сабота, се пали свеќа, молитва и се изразува помен за починатите
МАКЕДОНИЈА

ДЕНЕСКА Е МИТРОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА: Секогаш се паѓа во сабота, се пали свеќа, молитва и се изразува помен за починатите

Објавено November 2, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените.

Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината.

Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) За влакно ја избегна смртта во трагедијата во Нови Сад: „Може да го прослави својот втор роденден“
Следна Статија Интервју на Такер Карлсон со Трамп! Камала е „глупава како карпа“, а овој „сојузник“ насилно го плукаа демократите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште, информираше Општината Кисела Вода. Сакаме да ве информираме дека поради новонастанатата…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Данела го демантира Латас: Никогаш немале директен или индиректен контакт

Градоначалничката на Град скопје, Данела Арсовска демантира дека му нудела пари на познатиот новинар Драган Павловиќ Латас за уривање на…

June 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Што купуваме и што јадеме – Уништени 37 тони храна со поминат рок

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, запленија и…

November 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето на креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции.…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?