Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска оставете ги возилата дома: Се трча јубилејниот дваесетти Скопски маратон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Денеска оставете ги возилата дома: Се трча јубилејниот дваесетти Скопски маратон
СПОРТ

Денеска оставете ги возилата дома: Се трча јубилејниот дваесетти Скопски маратон

Објавено October 6, 2024 09:36
Сподели
Сподели

На претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што се одржува денеска, учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји. Како што соопштија организаторите на маратонот, одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14 часот.

Целта на сите трки е на Плоштад „Македонија“. Локација за старт на сите трки e Собранието. Време за старт на сите трки e 08:00 часот, но организаторите апелираат тркачите да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или таргет време што го има одбрано при процесот на регистрација, сѐ со цел да не се создаваат турканици. Тркачите на маратонската, полумаратонската и штафетната трка тргаат во правец кон Католичка црква, а тркачите на трката Комерцијална Банка 5км трчаат во правец кон Црвен Крст.

Патеката за маратонската трка, полумаратонот и штафетната трка, стартува на улицата „11 Октомври“ пред Собранието и тргнува во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тркачите трчаат право во двете насоки до крај на овој булевар и продолжуваат право по ул. „Васил Чакаларов“, каде по семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст и ќе свртат кај Тутунски комбинат лево на бул. „Крушевска Република“ и десно на „Трета Македонска Бригада“. По неа ќе се трча до крстосницата кај Американ Колеџ и ќе се врти лево по улица „Васко Карангелески“.

Потоа ќе трчаат право сѐ до крстосницата со бул. „Јане Сандански“. На крстосницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до крстосницата со бул. „Србија“, каде, пред неа се врти полукружно во истата коловозна страна (другата страна од булеварот е слободна за сообраќај во правец кон Центар) и ќе трчаат до пред крстосницата кај Тобако 2. Тркачите полукружно ќе се враќаат до крстосницата кај Сансет, ул. „Васко Карангелески“, десно до крај и повторно десно ќе излезат на „Трета Македонска Бригада“. Трчаат по истата патека до Собрание, полумаратонците финишираат на Плоштад „Македонија“, а маратонците трчаат уште еден круг.

За патеката за трката на 5 км, стартот е пред Собранието, по кое натпреварувачите трчаат во правец на населба Аеродром, односно кај Тутунски комбинат ќе свртат лево, по „Трета македонска бригада“ и кај Супермаркетот „Тинекс“ ќе свртат полукружно и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“.

Организаторите на „Виз Ер Скопскиот маратон“ ги замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај. Исто така, СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Главен покровител на Скопскиот маратон е Министерството за спорт, а покровители се Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск: Трамп мора да победи за да се зачува Уставот и демократијата во Америка (ВИДЕО)
Следна Статија Брачна двојка од Јабланица загуби осум члена од семејството, самите ги пронашле телата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Кијану Ривс – професионален автомобилист

Во саботата на познатиот автопат Индијанаполис, своето професионално деби во автомобилизмот го имаше Кијану Ривс. И беше многу возбудливо. Некаде…

October 5, 2024
СПОРТ

Барселона од „Најки“ го добива најголемиот договор во историјата

Фудбалскиот клуб Барселона наскоро ќе ратификува договор со производител на спортска опрема врз основа на кој ќе заработи огромна сума,…

November 9, 2024
СПОРТ

(Видео) Оклахома во финалето на НБА – Шеј повторно е MВП

Кошаркарите на Оклахома се пласираа во финалето на плејофот на Американската професионална кошаркарска лига (НБА). Во петтиот натпревар од финалната…

May 29, 2025
СПОРТ

Платата на Меси е поголема од буџетите за плати на 22 клуба во МЛС

Лионел Меси во Интер Мајами заработува повеќе од сите професионални фудбалери заедно во 22 од 28-те тимови на МЛС, покажуваат…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?