Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска пресуда за мајката и таткото на Коста Кецмановиќ кој уби 9 ученици и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Денеска пресуда за мајката и таткото на Коста Кецмановиќ кој уби 9 ученици и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
БАЛКАН

Денеска пресуда за мајката и таткото на Коста Кецмановиќ кој уби 9 ученици и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград

Објавено December 30, 2024 09:40
Сподели
Сподели

Вишиот суд во Белград денеска треба да ја соопшти пресудата на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое на 3 мај 2023 година уби девет ученици и обезбедувањето во ОУ „Владислав Рибникар“ и рани уште пет ученици и наставник по историја.

Судот ќе донесе првостепена пресуда против која одбраната и обвинителството ќе имаат право на жалба до Апелациониот суд.

Овој судски процес од самиот почеток е затворен за јавноста, но пресудата ќе биде јавно објавена.

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ побара од судот максимални затворски казни за Кецмановиќ.

Тој во последните зборови му предложи на судот Владимир Кецмановиќ да биде осуден на единствена затворска казна од 14 години и 11 месеци за кривични дела тешко кривично дело против општата безбедност и запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

За Милјана Кецмановиќ предложи единствена затворска казна од пет години и пет месеци за сторени кривични дела недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

Обвинителот предложи максимална казна затвор од три години за инструкторот за стрелање Немања Маринковиќ за кривично дело давање лажен исказ.

Стефановиќ смета дека за семејството Кецмановиќ нема олеснителни околности, туку само отежнувачки бидејќи не изразиле ниту каење ниту сочувство кон жртвите.

Тој рече и дека Милјана Кецмановиќ се претставувала како беспрекорна мајка, додека со жртвите се однесувала со дистанца и рамнодушност.

Тој потсети и на лажното сведочење на Немања Маринковиќ во истрагата, со кое се обидел да ја пренасочи истрагата во друга насока.

Од друга страна, одбраната тврдеше дека вината на обвинетите не е докажана.

Момчето К.К, кое во моментот на ова кривично дело сè уште немало 14 години и затоа не е кривично одговорно, на 3 мај 2023 година во училиште пукал со два пиштоли на неговиот татко, кои ги зел на 1 мај минатата година.

Кобниот ден ги ставил во ранецот, отишол на училиште и на првиот час убил 10 луѓе и ранил уште пет деца и наставник по историја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фонсека доби отказ во Милан, на негово место доаѓа Консеисао
Следна Статија Џенифер Лопез и Кевин Костнер снимени во ист бар, се шпекулира дека се во врска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Почина 13-та жртва на масакрот на Цетиње

Дејан Кокотовиќ почина денес во Клиничкиот центар во Подгорица од последиците на тешките повреди кои ги добил на 1 јануари…

January 9, 2025
БАЛКАН

На Хрватска ѝ недостасуваат околу 65 илјади сезонски работници

Хрватска има недостиг од сезонски работници, па затоа работодавците ја започнуваат својата потрага сè порано и порано, а се проценува…

February 8, 2026
БАЛКАН

Словенија го забрани величење на четниците и усташите

Парламентот на Словенија гласаше за измена на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кој се забранува величење…

December 25, 2024
БАЛКАН

Рама за БИРН: Велиај останува градоначалник на Тирана, неговото апсење кршење на демократските стандарди

Албанскиот премиер Еди Рама апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, по налог на СПАК, го смета за кршење на…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?