Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска пристигнала дел од терапијата што недостасуваше на Онкологија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Денеска пристигнала дел од терапијата што недостасуваше на Онкологија
ЗДРАВЈЕ

Денеска пристигнала дел од терапијата што недостасуваше на Онкологија

Објавено January 30, 2025 12:11
Сподели
Сподели

Дел од терапијата што недостасуваше на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје стигна денеска, информираше министерот за здравство Арбен Таравари, додавајќи дека утре се очекуваат уште неколку лека, а в понеделник други. Според министерот, практично ги имаат сите потребни лекови.

– Првпат се случува за наше време, 10 дена да нема терапија. Меѓутоа, да не заборавиме, 95 проценти од пациентите се третираат и имаат терапија, недостасуваше за пет отсто. И да не заборавиме оваа набавка што ние сега ја користиме, не сме ја направиле ние, туку е направена од пред нас, меѓутоа тоа е неважно за пациентите. Битно за пациентите е тие да имаат терапија. Се работи за околу 20, 30 пациенти, меѓутоа и еден пациент да е – многу е. И затоа даваме максимални напори од идната недела сите да бидат третирани, одговори тој на новинарско прашање пред почетокот на првата национална консултација за реформа на болничкиот сектор.

Околу информации дека се трошат последни количини на имунолошка терапија на Онкологија, министерот изрази надеж дека ќе нема криза.

– Јас се надевам дека и тоа ќе бидеме покриени набргу и нема да има криза. Така да, се обидуваме да згасиме пожари што се предизвикани однапред, значи овие тендери за оваа количина на лекови, јас не сакам сега да изнаоѓаме кој е крив, не е битно тоа за пациентите, тие си бараат лекови и третман. Меѓутоа со новото снабдување на лекови, јас се надевам дека нема да се случи идната година, повторно јануари, февраури, да недостасуваат одредени лекови, одговори Таравари на новинарско прашање.

Во однос на тоа со кои веледрогерии е склучен договор за лекови за Онкологија министерот рече дека знае за „Алкалоид“, „Пановски“, плус уште две или три, вкупно четири или пет компании.

– Меѓутоа, тоа не е ни битно ни релевантно, важно е дека отворена е конкуренцијата за сите. Значи немаме предрасуди за некого, истакна Таравари во изјава за медиумите.

Стручна комисија, како што соопшти, имало формирано и за случајот со починатото деветгодишно дете од светиниколско и за починатите близначиња во прилепската болница. Повеќе информации најави штом ги добие извештаите од комисиите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДЗР: Клиниката за дерматологија нема евиденција за лекови за ретки болести во вредност од 600.000 евра
Следна Статија Пронајдена една од црните кутии од авионот што се урна кај Вашингтон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: ФЗО од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја од сопствената работа

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја…

November 4, 2024
ЗДРАВЈЕ

АХВ нареди уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980…

February 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Телото алармира: Девет симптоми кои укажуваат дека шеќерот во крвта ви е превисок

Високото ниво на шеќер во крвта не е секогаш веднаш воочливо, бидејќи симптомите може да варираат од личност до личност.…

March 15, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за подобар здравствен систем – „Мој Термин“ и „Мое Здравје“ ќе добијат моќни надградби

Граѓаните денес се технолошки подготвени повеќе од кога било, што е основа и обврска за поголемо дигитално учество во здравствениот…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?