Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
ХРОНИКА

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Објавено October 14, 2024 08:50
Сподели
Сподели

Денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, извршено на крајот од ноември, минатата година.

Најавено е сведочењето на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска.

Четворицата обвинети Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов претходно се изјаснија за невини. Мајката на Вања побара исклучување на јавноста за да се заштити приватноста на семејството, но судот сепак не го прифати нејзиниот предлог.

Според обвиненијата, обвинетите испланирале грабнување на девојчето за да принудат член на семејството да плати откуп. Грабнувањето и убиствата, се случија во ноември 2023 година. Првообвинетиот Палевски, тогаш избега во Турција и таму полицијата го уапси во градот Баликесир. Целиот регион беше шокиран од исчезнувањето на девојчето, но и од фактот кој потоа се откри, дека се работи за двојно убиство.

Пред рочиштето, еден од обвинетите, Боре Видевски, по неколкудневниот престој во болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка и е во добра здравствена состојба.

Претходно закажаното судско рочиште за овој случај беше одложено поради престојот на Видевски во Клиниката за нефрологија, кој имал проблеми со бубрезите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Вие не сте нормални!“, им рече Милевски на фудбалерите (ВИДЕО)
Следна Статија (ВИДЕО) ОРБАН: Фон дер Лајен и Вебер сакаат да ја соборат унгарската Влада и да инсталираат друга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино

По течението на реката Црна во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино гори трска висока и до три метри, изјави за…

March 20, 2025
ХРОНИКА

Судскиот совет веќе ги разгледува списите од претходните случаи на обвинетиот Васил Јованов, вели Камбовски

По изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде…

February 5, 2025
ХРОНИКА

Вања на интернет комуницирала со момче од Шведска кое на профилот имало знамиња од ИСИС

Убиената Вања комуницирала со момче од Шведска на интернет, а деталите што ги откриле на неговиот профил ги вознемириле истражителите,…

October 18, 2024
ХРОНИКА

ЈО: Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?