Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Девет од десет нови автомобили во Норвешка продадени во 2024-та биле целосно електрични
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Девет од десет нови автомобили во Норвешка продадени во 2024-та биле целосно електрични
Blog

Девет од десет нови автомобили во Норвешка продадени во 2024-та биле целосно електрични

Објавено January 3, 2025 10:37
Сподели
Сподели

Девет од десет нови автомобили продадени во Норвешка минатата година биле целосно електрични, покажаа податоците за регистрација објавени во четвртокот, што ѝ помогна на земјата да ја постигне целта да додаде само електрични автомобили на патиштата до 2025 година.

Целосно електричните возила сочинувале 88,9 отсто од продажбата на нови автомобили во 2024 година, според податоците на Норвешката федерација за патишта (OFV).

„Потребно ни се само уште 10 проценти за да ја достигнеме целта за 2025 година“, се вели во соопштението на OFV.

Од 128.691 новорегистрирани автомобили минатата година, 114.400 биле електрични, што е најголем удел на кој и да е голем пазар на автомобили и раст од 82 отсто во 2023 година.

И покрај тоа што е голем производител на нафта и гас, Норвешка има цел сите нови продадени автомобили да имаат „нулта емисија“ почнувајќи од 2025 година, што е 10 години пред целта на Европската унија, чиј член не е Норвешка.

Во 2012 година, електричните автомобили сочинувале само 2,8 отсто од продажбата, но оттогаш нивната продажба експлодираше благодарение на различните стимулации. Тие добија ослободувања од повеќе даноци, што ги направи конкурентни во однос на високо оданочените автомобили со внатрешно согорување.

Електричните автомобили, исто така, беа ослободени од плаќање на патарината, имаа бесплатен паркинг на јавните паркинзи и можеа да ги користат лентите за јавен превоз.

Иако некои даночни олеснувања и стимулации беа постепено укинати со текот на годините, електричните автомобили станаа вообичаени.

Американскиот приозводител „Tesla“ е водечкиот со електрични автомобили во Норвешка со удел од 19 отсто од пазарот, а потоа следат „Volkswagen“, „Toyota“, „Volvo“ и „BMW“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Се вери најпопуларниот јутјубер на светот
Следна Статија Со возилото кое излета во Вардар управувала една од починатите жени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

(Видео) Роботот куче им помага на англиските фармери да станат попрофитабилни

Кучињата роботи би можеле да им помогнат на фармерите побрзо да го проценат здравјето на почвата, се надеваат научниците кои…

November 26, 2024
Blog

Доларот на најниско ниво во последните три години

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути минатата недела падна на најниско ниво за повеќе од…

June 15, 2025

What’s Coming in the M5 MacBook Air – MacRumors

Along with the low-cost MacBook, Apple could introduce a refreshed version of the MacBook Air next week. Most of the…

March 1, 2026
Blog

Биткоинот урива рекорди по проценката дека Трамп победува на изборите во САД

Биткоинот ја достигна највисоката вредност во својата историја на изборната ноќ во САД, по најавите дека Доналд Трамп победил на…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?