Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Деветгодишното дете кое падна од шести кат во Кисела Вода со повреди на повеќе органи и во стабилна состојба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Деветгодишното дете кое падна од шести кат во Кисела Вода со повреди на повеќе органи и во стабилна состојба
ХРОНИКА

Деветгодишното дете кое падна од шести кат во Кисела Вода со повреди на повеќе органи и во стабилна состојба

Објавено December 5, 2024 09:25
Сподели
Сподели

Деветгодишното дете кое во вторникот заедно со неговата баба падна од зграда во Кисела Вода е во стабилна состојба, но не може да се каже дали е надвор од животна опасност, открива за „Телма“ д-р Лазо Јовчески, в.д. директор на Клиниката за Детска хирургија.

Детето е во стабилна состојба, но има повреди на повеќе системи, почнувајќи од главата, има повреди на ребрата и на внатрешните органи. Направени се дополнителни иследувања. Детето дише самостојно, со кислородна поддршка и без механичка вентилација. Не е потребен оперативен зафат засега, изјави за Телма во телефонски разговор, д-р Лазо Јовчески, в.д. директор на Клиниката за Детска хирургија.

Младиот пациент е во одделот за интензивно негување. Д-р Јовчевски не може да каже во моментот дали е надвор од животна опасност, но додава дека пациентот е во стабилна состојба, под постојана опсервација и извршени се дополнителни испитувања.

Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот. Засега е познато дека во вторникот седумдесетгодишна жена и малолетник паднале од зграда, по што жената починала на лице место.

Немилиот настан се случил околу 19:40 часот. Според сведочења на соседи за „Сител“, кои не сакаа јавно да зборуваат прво од шестиот спрат на зградата во која живееле паднало детето, а веднаш потоа и бабата. Како што сведочат соседите детето паднало на тревникот пред зградата, а бабата на оградата.

принтскрин Сител

Интервенирале и пожарникари кои ја исекле оградата за да го подигнат тетото на жената.

Според кажувањата на соседите, родителите на детето не биле во станот кога се случила трагедијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Површината на Монако се зголемува за три проценти: мегапроект од две милијарди евра
Следна Статија Лефков: Дамева, како и нејзини претходници се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Нова измама: Жена од тетовско дала 14.000 евра за купување стан во Германија

На 15.09.2025 околу 17:15 часот во СВР Тетово, 45-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена од Л.М.(48) од…

September 16, 2025
ХРОНИКА

Жешки капки од сунѓерот на „Пулс“ пронајдени на облеката на Андреј

Со докази на Обвинителството, продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Со вештачењата се открива дека дофатот на пиротехничките фонтани…

May 6, 2026
ХРОНИКА

Повеќето пожари изгаснати, ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од…

August 17, 2025
ХРОНИКА

Загина девојка: Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

На 06.06.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 16.20 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „бмв“ со скопски…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?