Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Деветмина уапсени за нередите во Нови Сад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Деветмина уапсени за нередите во Нови Сад
БАЛКАН

Деветмина уапсени за нередите во Нови Сад

Објавено November 6, 2024 13:43
Сподели
Сподели

Поради нереди на протестот во Нови Сад, девет лица се уапсени на барање на Вишото и Основно јавно обвинителство во тој град, се наведува во заедничкото соопштение на двете обвинителства, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштението, од деветмината уапсени за нереди на вчерашниот протест, шест лица се осомничени за сторено кривично дело -Насилничко однесување на спортски настан или јавен собир, едно лице за кривично дело -Уништување и оштетување на туѓ имот, едно лице за кривично дело -Напад врз службено лице при вршење на службена должност и едно лице за кривично дело -Предизвикување општа опасност.

Во соопштението се додава дека се уште трае потрагата по сторителот на кривичното дело- Оштетување на угледот на Република Србија, додека интензивно се работи на утврдување на идентитетот и на други лица за кои постојат основи на сомнение дека имаат сторил кривично дело -Напад врз службено лице при вршење на службена должност, односно кривично дело -Уништување и оштетување туѓ имот.

Обвинителството посочува дека во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност, кое било вршено со истурање фекалии од цистерна пред Градското собрание на Град Нови Сад, на место каде што биле собрани поголем број луѓе, предизвикана е опасност од ширење на инфекција, а на лице место е извршен увид при што вработени во Институтот за јавно здравје од Војводина земале мостри, чија анализа е во тек.

-За време на протестот имаше насилство и уништување имот, како и оштетување на самата зграда на Градското собрание од повеќе лица, заштитната ограда на блиското градилиште на подземната гаража, службениот влез во просториите на Кривичниот суд во Нови Сад и просториите на Српската напредна странка на Булеварот на ослободувањето, каде што беше искинато и знамето на Република Србија, а учесниците на протестот нападнаа неколку полицијски службеници, изјавија од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кремљ: Путин не планира да му честита на Трамп, САД е непријателска земја
Следна Статија (Видео) Петрушевски: ДЗР утврдила нерегуларности при исплати од власта на СДС и ДУИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Шест ранети во пукотница во Подгорица, осомничениот е уапсен

Синоќа во центарот на Подгорица, Црна Гора пред ресторан се случила пукотница во која, според локалните портали, се ранети шест…

June 9, 2025
БАЛКАН

Вучиќ ја победи Шарената револуција

Граѓаните на Србија не сакаат Шарени револуци, не сакаат насилство, сакаат на избори да менуваат власт. Денеска победи Србија и…

March 15, 2025
БАЛКАН

И Бугарија без гас од Азербејџан

И Бугарија од 7 јануари е без гас од Азербејџан. Како што соопшти во четвртокот бугарската државна гасна компанија Булгаргаз,…

January 11, 2025
БАЛКАН

Вучиќ разговараше со Трамп: Верувам во посилно партнерство со САД под негово водство

Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. „Одличен разговор со новоизбраниот претседател на САД, Доналд…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?