Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година повеќе од 3,5 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година повеќе од 3,5 отсто
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година повеќе од 3,5 отсто

Објавено October 23, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Растот на македонската економија според проекциите на Министерството за финансии за оваа година е 2,1%, а за наредната и повеќе од 3,5 %, додека буџетскиот дефицит 4%. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

-Го менуваме комплетно економскиот концепт во насока на тоа дека ќе поддржуваме инвестиции, а не потрошувачка. Во тек е оној голем проект којшто го најавивме за општините. Повикот е во тек така што тука ќе има голема реализација. Исто така, 250 милиони евра поддршка за приватниот сектор. Значи очекуваме дека дефинитивно ќе ги оствариме оние стапки на раст коишто ние како Министерство за финансии ги проектираме, а тоа е 2,1% до крајот на годината и за следната година ќе видиме ама ќе биде повеќе од 3,5 проценти – рече министерката осврнувајќи се на проекциите на Светска банка, кои како што вели се логични ако се земат предвид претпоставките што ги користи СБ, а тоа е она што остана до претходната Влада, слаби резултати и низок раст на БДП.

Во однос на буџетскиот дефицит, во интервјуто наведува дека преку ноќ не може да се постигнат фискалните правила за буџетскиот дефицит до 3% од БДП и јавен долг до 60% и дека е потребно време за да се консолидира.

-Следната година е планиран буџетскиот дефицит на 4%, потоа следната на 3,5% и да стигнеме до 3%, односно до комплетна консолидација. Она што е најважно барем во овој момент по мене, а тоа е корупцијата и мислам дека тука барем како министер за финансии, којшто е одговорен за дел од институции коишто треба, исто така, да внимаваат многу, барем во делот на сивата економија, би рекла дека тука веќе немаме компромис и силно се бориме против корупцијата и криминалот и во тој дел очекувам позитивни резултати во периодот којшто следи – рече министерката за финансии.

Во интервјуто се осврна и на заемот од унгарската Експорт импорт банка, за што истакна дека станува збор за заем планиран од претходната Влада којшто се реализираше со кредит под поволни услови наместо со еврообврзница.

-Секое ново задолжување нормално дека дава негативни ефекти. Меѓутоа, ние зборуваме за кредит којшто беше планиран од претходната Влада, само не земавме еврообврзница, тука напротив, би кажала како министер за финансии и како Влада, може да бидеме горди што успеавме да обезбедиме кредит под многу поволни услови, со многу ниска провизија во однос да речеме, да носевме одлука за издавање еврообврзница, а при тоа парите се од европска држава. Јас навистина не гледам ништо спорно, напротив успехот од тоа што постигнавме со 3,25% каматна стапка, мислам дека некој се труди да го преврти во друга насока и да каже дека еве сега да не дефокусираат тоа што е најважното, а тоа дека ги заштедивме граѓаните на државата, а што направивме позајмивме нешто што и претходно беше планирано само многу поскапо – посочи министерката за финансии и додаде дека неоправдано ќе беше да се задолжуваме со каматна стапка од над 6%.

Таа наведе дека парите се наменети за инвестиции во приватниот сектор и поддршка на општините за инфраструктурни проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Дејвис доминираше, Леброн и Брони испишаа историја
Следна Статија Николоски: Нови работни места и инвестиции за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogБАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСВЕТ

Продажбата на автомобили во ЕУ опаѓа а во Македонија расте

Good web design has visual weight, is optimized for various devices, and has content that is prioritized for the medium.…

September 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Акциите на Алфабет растат поради можен договор за чипови со Мета, осветлувајќи нов правец во трговијата со вештачка интелигенција

Мета наводно разгледува користење на посебни чипови на Алфабет за нивните податочни центри. Акциите на Nvidia и AMD паѓаат поради…

November 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Повеќе нема да има исклучување од струја во зима – новиот закон воведува мерки против енергетска сиромаштија

Во зимските месеци, граѓаните од ранливите категории кои не се во можност да ги платат сметките за струја нема да…

June 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Елон Маск vs Сам Алтман: Битката за највредна приватна компанија

OpenAI ја надмина SpaceX како највредна приватна компанија. SpaceX наскоро може да ја врати титулата. Ова е последната епизода во…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?