Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевска Кочовска: Обезбедивме 500 милиони евра за навремена отплата на Еврообврзницата во јануари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриевска Кочовска: Обезбедивме 500 милиони евра за навремена отплата на Еврообврзницата во јануари
ЕКОНОМИЈА

Димитриевска Кочовска: Обезбедивме 500 милиони евра за навремена отплата на Еврообврзницата во јануари

Објавено December 20, 2024 15:30
Сподели
Сподели

Петстотини милиони евра поволни средства се обезбедија од унгарската Експорт-импорт банка за редовно и целосно сервисирање на обврските коишто доспеваат во јануари 2025 година по основ на издадена Еврообврзница во 2018 година. Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска во Будимпешта го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

„Денеска во Будимпешта потпишавме нов Договор за заем од Унгарската експорт-импорт банка од која обезбедуваме нови 500 милиони евра, средства неопходни за раздолжување на веќе издадена Еврообврзница во 2018 година. Со овој заем обезбедуваме поволни услови за отплата на обврските коишто доспеваат во јануари. Заемот согласно Договорот е одобрен со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25% која е многу пониска од каматата доколку се одлучевме да издадеме нова Еврообврзница за која каматата е над 6% и на тој начин да направиме заштеди во Буџетот. Дополнително заштеди се прават и по основ на трошоци за провизии кои за овој заем се околу 50 илјади евра, наспроти трошоците за издавање Еврообврзница кои достигнуваа и над 1 милион евра“, рече министерката за финансии.

Таа истакна дека е особено важно што заемот е под истите услови како и првиот заем за кој беше потпишан Договор во октомври. и изрази благодарност до унгарската Влада за дадената поддршка.

„Средствата ќе бидат достапни на земјата на почетокот на јануари со цел навремено да се рефинансира Еврообврзницата. Оттаму важен аспект е дека повлекувањето на овие средства нема да влијаат на нивото на јавниот долг, односно се повлекуваат средства во оној износ во кој е издадена и Еврообврзницата“, рече министерката.

Договорот е потпишан согласно Законот за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт-импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање општи цели, што го усвои Собранието. Владата имајќи го предвид позитивното искуство од соработката со Унгарија во однос на поволните финансиски услови при обезбедувањето на првиот заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, пристапи кон обезбедување на вториот заем во износ од 500 милиони евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во ракетен напад погодена Амбасадата на Македонија во Киев
Следна Статија Три големи инфраструктурни проекти наскоро ќе се завршат, најави Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трговците свесно ги лажеле граѓаните – јогуртот од 1 литар го продавале во единица мерка килограм

Есенската потрошувачка кошничка, мерка со која Владата се обиде да го намали и да го контролира трендот на зголемување на…

October 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато: На сметките ќе пишува дали броилото е прочитано

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани…

June 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Златото прв пат над 3.800 долари

Цената на златото се искачи на рекордни 3.800 долари за унца, а скапоцените метали пораснаа, поттикнати од послабиот долар, бидејќи…

September 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Виз ер отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт

Со првиот лет што полета денеска, понеделник, 29 септември, во 6:25 часот наутро, од Меѓународниот Аеродром Скопјe до Штутгарт, Виз…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?