Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски до Ахмети: Доколку се случи било каков обид за дестабилизација на државата, државата ќе одговори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Димитриевски до Ахмети: Доколку се случи било каков обид за дестабилизација на државата, државата ќе одговори
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски до Ахмети: Доколку се случи било каков обид за дестабилизација на државата, државата ќе одговори

Објавено November 5, 2024 10:01
Сподели
Сподели

Претседателот на Движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, на прашањето како ја коментира заканата на опозициската ДУИ за дестабилизација, вечерва упати порака до Ахмети да го промени наративот и дека никој не може да ја дестабилизира државата, ниту од надвор, ниту од внатре.

– Доколку се случи било каков обид за дестабилизација на државата, државата ќе одговори. Секој има право на демократски начин да протестира. Ако се случи некој да се обиде да дестабилизира, државата ќе постапи. Македонија има закон, има Устав, има институции и истите ќе постапат да го заштитат уставниот поредок. Волјата на мнозинството се искажува со 61 пратеник во Парламентот и наша обврска е да ја почитуваме волјата на мнозинството, рече Димитриевски.

Тој рече дека ЗНАМ е подготвена за избори.

ЗНАМ е нов политички субјект и за нас е здраво да учествуваме на избори. Да видиме каде сме, што сме. Во секој случај доколку мнозинството одлучи дека треба да има избори, ние сме подготвени. Во политиката, доколку се случат предвремени парламентарни избори, заедно со локалните избори, повеќе од сигурен сум дека и ова што во моментот го имаат од СДСМ, како број на пратеници во Парламентот, ќе се намали драстично, што е добро за државата, бидејќи тоа е една пратеничка група која што всушност цело време со своите кандидатури бркаше самоамнестија и спас за самите себе си, не водејќи сметка за партијата, нагласи Димитриевски во гостувањето во емисијата „За или против“ на телевизија „Алфа“.

Во врска со констатацијата на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека Вреди и ЗНАМ имаат преполовена поддршка и маргинализирана улога во Владата, Димитриевски рече дека подобар мерач на рејтингот од изборите нема, а тие се случиле пред извесно време и сите виделе каде сме и какво е расположението кај народот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп или Харис: Изборен ден во САД
Следна Статија Стојаноски: Не е сериозен предлогот на СДСМ за укинување на 5% ДДВ за 250 производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Изјавата на дете од Кочани: Поради таа клета корупција умреа многу невини луѓе

Младо дете во изјава за медиумите ги трогна и предизвика големо внимание, како кај нашите, така и кај светските медиуми:…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова: Генералка викенд да прерасне во Генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси

Штитејќи ја природата се штитиме себеси, а генералка викенд треба да прерасне во генералка од 365 дена, порача денеска од…

May 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВАШИТЕ ДЕЦА СЕ НАШИ ДЕЦА, РЕКОЛ ГЛАВНИОТ ДОКТОР ВО СОЛУН Муцунски ја посведочи грижата што ја добиваат повредените во две солунски болници

Вашите деца се наши деца“ порачал главниот доктор од солунската болница во која се лекуваат повредени од Кочани изјави министерот…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Медицина, економија, технологија- најатрактивни насоки за полуматурантите

Најголем интерес кај матурантите во средно образование има за стручни области како што се економија, технологија и медицина. Областа на…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?