Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски-Рокас: Реформите во администрацијата и правосудството покажуваат дека Владата е на вистинскиот пат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски-Рокас: Реформите во администрацијата и правосудството покажуваат дека Владата е на вистинскиот пат
ПОЛИТИКА

Димитриевски-Рокас: Реформите во администрацијата и правосудството покажуваат дека Владата е на вистинскиот пат

Објавено January 21, 2025 17:29
Сподели
Сподели

Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска во просториите на партијата, остварил средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, на која присуствуваше и потпреседателот на Движењето, Павле Арсоски.

Како што се наведува во партиското соопштение, на средбата станало збор за актуелните политички состојби во државата и процесот на нејзината евроинтеграција.

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Димитриевски во разговорот со амбасадорот Рокас, ги актуелизирал веќе познатите ставови на партијата во врска со уставните измени, односно нивната одложена примена, а со цел оневозможување на понатамошни блокади на патот на Македонија кон ЕУ.

Димитриевски притоа рекол дека градењето на добрите односи со сите соседи е од клучна важност за нашата држава и потенцирал дека „во иднина не смееме да се доведеме во ситуација билатералните проблеми да се решаваат во рамките на европските процеси и да не кочат на нашиот европски пат“.

Амбасадорот Рокас, како што се посочува во соопштението, многу позитивно ја оцени работата на Владата и исто така, позитивно ги оценил и реформите што се спроведуваат во јавната администрација и правосудството, како ресори со кои раководат кадри на Движењето ЗНАМ.

-Неговата екселенција, амбасадорот Михалис Рокас во разговорот со Димитриевски потенцираше дека напорите на Владата на Република Македонија во борбата против корупцијата и криминалот се од особено значење и за поздравување. Тој рече дека активностите што се преземаат на тоа поле покажуваат дека земјата е на вистинскиот пат и има намера да ги имплементира европските вредности, се вели во соопштението.

На средбата се разговарало и за Коридорите 8 и 10, кои се од особена важност за развојот на економијата на земјата и капиталните инвестиции. Претседателот на ЗНАМ, Димитриевски рекол дека од македонска страна се очекува овие инвестиции да бидат и финансиски поддржани од нашите партнери во Европската Унија и НАТО, бидејќи се од стратешка важност за сите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митревски по ремито: Некогаш треба малку и повеќе среќа
Следна Статија Интервенција на велешките пожарникари спаси куќа од целосен пожар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски утре ќе оствари средба со Филипче

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе го прими на средба лидерот на СДСМ, Венко Филипче. -Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи…

April 2, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски најавува избори

Симптоматично е што Мицкоски, во народот познат како „мали Вучко“, вчера зборуваше повторно за избори. Во исто време објавува и…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени

ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја врати Македонија во времето на страв, на уцени и притисоци, но граѓаните нема да потклекнат,…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Виница: Димче и Левица одработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

На отворена сцена се гледа една непринципиелна коалиција помеѓу Левица и ДУИ којашто е многу опасна, рече на вчерашниот митинг…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?