Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски за балансерот: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Димитриевски за балансерот: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски за балансерот: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување

Објавено October 11, 2024 19:25
Сподели
Сподели

Кумановскиот градоначалник и претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска од Куманово изјави дека сите треба да се заложат за квалитет при вработување, да им се даде можност за вработување на најквалитетните без разлика на која етничка заедница ѝ припаѓаат.

Одговарајќи на новинарски прашања по завршување на централната манифестација на Спомен костурницата, Димитриевски нагласи дека не може да ја коментира одлука на Уставниот суд.

-Што се однесува до „балансерот“ немам што тука да коментирам. Ставот на мојот политички субјект ЗНАМ, на претставниците е во извршната власт коишто ги претставуваат нашите политики е јасен. Сите граѓани мора да имаат еднакви права и етничкиот предзнак не треба да биде привилегија на некои во делот на вработување, освен да се залагаме за политички квантитет, треба суштински да се заложиме за добиеме квалитет и да им дадеме шанса на најквалитетните без разлика кој од која етничка заедница доаѓа или пак од македонскиот народ. По основ на „балансерот“, Уставниот суд си го кажа своето и јас тука не можам ништо да коментирам, како и да е ја поздравувам таа одлука, изјави Димитриевски.

Тој го честиташе 11 Октомври на граѓаните, укажувајќи дека Куманово традиционално и достоинствено го одбележува Денот на македонската борба против фашизмот и повика на сплотеност, сложност на сите граѓани на државата.

-Од кумановска Спомен костурница, сакам да упатам неколку пораки до граѓаните, да бидеме сплотени, сложни ние Македонците, сите претставници на етничките заедници, бидејќи оваа држава е наша мора да се бориме за неа и да ја сочуваме тоа им го должиме на претходните генерации, рече Димитриевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Водата во Гостивар е безбедна за пиење, информираат од ЈП „Комуналец“
Следна Статија Авион на Кроација Ерлајнс оштетен од куче, полетувањето било веднаш откажано

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Се развеаја знамињата, ечи македонска песна: Коњаниците пристигнаа во Ѓорче Петров

Се развеаја знамињата, ечи македонска песна. Коњаниците пристигнаа во скопско Ѓорче Петров. Започна маршот на здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полицијата со нова „алатка“ за ловење на дрогирани возачи: Ќе ги тестира за 10 минути преку тест со плунка

Министерството за внатрешни работи наскоро ќе ја засили контролата на учесниците во сообраќајот со набавка на нова генерација брзи тестови…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нов европски проект за заштита на кафеавата мечка на Шар Планина

Националниот парк Шар Планина се вклучува во нов европски проект за зачувување на кафеавата мечка, со цел долгорочна заштита на…

April 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Православните верници го слават светиот великомаченик Ѓорѓија Победоносец

Верниците со православна вероисповед денес го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се празнува и…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?