Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димовски: Нова инвестициона ера, Македонија привлекува рекорден број на странски инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димовски: Нова инвестициона ера, Македонија привлекува рекорден број на странски инвестиции
ЕКОНОМИЈА

Димовски: Нова инвестициона ера, Македонија привлекува рекорден број на странски инвестиции

Објавено January 29, 2025 20:54
Сподели
Сподели

„Целта на оваа Влада е компаниите, пред сè од приватниот сектор, да им дадеме сериозна поддршка, бидејќи оние компании кои даваат додадена вредност во самата економија треба едноставно да ги негуваме. Оваа Влада е сериозно посветена на оние компании, коишто навистина си го почитуваат законот и работат согласно него” , прецизираше во своето излагање директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски во вечерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ , каде што фокусот беше насочен на делот од инвестициите и нивната улога.

Димовски соопшти дека тековно се водат преговори за привлекување странски директни инвестиции. Тој нагласи дека растот на стратешките инвестиции отвора можности за економски напредок, истакнувајќи дека овие инвестиции поттикнуваат иновации и создавање на нови работни места.

Во тек се преговори и се надеваме дека ќе се реализираат. Станува збор за голема инвестиција вредна повеќе од 350 милиони евра, каде што таа компанија треба да изгради еден капацитет кој ќе има високо технолошко производство и ќе креира високо платени работни места, воедно ќе има сериозен извоз” , објасни Димовски.

Димовски се осврна на фактот дека, според најновите податоци од Народна банка за првите девет месеци од 2024 година, странските директни инвестиции во земјата изнесуваат над 830 милиони евра. Според него, рекордниот пораст на инвестиции ја потврдува довербата во владината стратегија, притоа додаде дека владината политика создава поволна клима за инвестиции и раст.

„Последните информации од Народна банка за првите 9 месеци од 2024 година покажаа дека имаме прилив од повеќе од 830 милиони евра странски директни инвестиции. Нашата заложба и цел е да стигнеме до таа милијарда, иако 838 милиони евра е рекорд во историјата на независна Македонија. Целта ни е да стигнеме до над една милијарда странски директни инвестиции во Македонија. Ќе поставиме таргет, кој потоа ќе треба да го надминеме” , заклучува Димовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НАСА откри огромен астероид, кој се движи кон Земјата и има шанса да удри во неа во 2032 година
Следна Статија Маск остана без канцеларија во Западното крило на Белата куќа- Трамп не му ја исполни желбата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15, апелираат од ССМ

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека до крајот на годината на работниците треба да им се исплати регрес за…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Минимално покачување на трошоците за живот: Синдикалната кошница порасна за 790 денари во јуни

Минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во однос на претходниот месец,…

June 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поранешен извршен директор на Chevron бара 2 милијарди долари за венецуелански нафтени проекти

Соборувањето на претседателот Николас Мадуро од страна на Доналд Трамп отвора врата за американски инвеститори кои гледаат во светски најголемите…

January 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ со препорака: Дома секогаш чувајте одредена сумa готовина

Европската централна банка (ЕЦБ) им препорачува на граѓаните секогаш да имаат одредена сума готовина во своите домови, бидејќи во кризни…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?