Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорката на Детската клиника Козле се заканува доколку ѝ се спомене името во медиумите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Директорката на Детската клиника Козле се заканува доколку ѝ се спомене името во медиумите
МАКЕДОНИЈА

Директорката на Детската клиника Козле се заканува доколку ѝ се спомене името во медиумите

Објавено February 3, 2025 20:51
Сподели
Сподели

Директорката на универзитетската клиника за белодробни заболвања Козле Каролина Симоновска во официјален допис до медиумите побара нејзиното име да не се помнува никако по медиумите, а секој што ќе го објави нејзиното име презиме и професионалност ќе го смета за нарушување на нејзиниот интегритет за што најавува и законски постапки.

-Особено во ниеден случај моето име и презиме и мојата професионалност да биде злоупотребувано на начин што неовластено и во контекст на невистинити објави ќе биде употребувано јавно по медиуми – стои во нејзината пишана изјава.

Јавните функции како директори на јавните здравствени установи сами по себе носат и одговорност да се биде транспрентен кон јавноста за граѓаните да ја имаат довербата во едно демократско општество во институциите кои се назначени да ги предводат, а истите во случај кога се прозвани имаат право на свој став, па и демант, велат од новинарските здруженија.

Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски оценува дека ваквите прикриени закани, се своевиден обид за цензура на медиумите..

Ваквиот потег на директорката на Козле доаѓа откако во јавноста последниот период колегиумот од болницата преку отворени писма побараа нејзино разрешување поради притисоци.. За ова таа разговораше и со министерот, по што оцени дека станува збор за политичка пресметка на поединци..

Последниот случај за кој се бараше одговорност од Симоновска беше отказот што и го дала на докторката Веселника Митровска Јосифова, која работела во болницата 22 години како експерт за бронхоскопија. За ова, Таравари имаше средба и со сопругот на Јосифова, по кој најави дека ќе ја разгледа целата состојба и ќе извести за одлуката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рубио стана в.д. администратор на УСАИД
Следна Статија Пандов: Суспензија за полицаецот во Шутка кој го пренел телефонот до Васил Јованов, само денеска се одземени 70 мобилни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Осуден инцидентот пред бугарската амбасада, се работи за изолиран случај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот во кој од страна на еден сторител…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еве како амбасадорката Агелер го честиташе Денот на македонскиот јазик

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер со видео објавено на социјалните мрежи го честита Денот на македонскиот јазик. -Честит Ден…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Избрани четворица нови обвинители за организиран криминал

Советот на јавни обвинители на денешната седница избра четворица обвинители за организиран криминал: Александар Маркоски, Енѓелуше Кадриу-Леши, Ана Гоговска-Јакимовска и…

March 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска од Тирана не ја коментираше вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев во однос…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?