Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Дојденците“ во Брисел задоволни од условите за живот во градот, но не и од хигиената
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > „Дојденците“ во Брисел задоволни од условите за живот во градот, но не и од хигиената
Blog

„Дојденците“ во Брисел задоволни од условите за живот во градот, но не и од хигиената

Објавено October 13, 2024 11:40
Сподели
Сподели

Странците кои живеат во Регионот на Брисел генерално се многу задоволни од условите за живот, но се жалат поради недоволната хигиена, покажува анкетата на Фламанската стопанска комора на Брисел (Вока), со која биле опфатени 500 лица доселени на подрачјето на белгискиот главен град од други држави.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека дури 71 отсто од странците се „чувствуваат добредојдени“ во бриселската општина во која живеат. Најголем процент на задоволни странци има во општината Скарбек, каде 86 проценти од анкетираните изјавиле дека се „чувствуваат добредојдени“, а како една од причините за ваквиот став ја навеле и можноста за комуникација на англиски јазик со локалните жители. Од друга страна, најнезадоволни се странците во Ивер, каде „добредојдени“ се чувствуваат само 52 отсто од анкетираните.

Во врска со условите за живот во Брисел, позитивна оценка дале 72 од анкетираните. Најзадоволни од животните услови се странците во приградските општини Укле (95 отсто), Волуве-Сен-Пјер (93) и Волуве-Сен-Ламбер (90), како и во централните Етербек (94 проценти), Сен Жил (86), Иксел (82) и Скарбек (82). Од животот во централната општина Сен-Жос се задоволни половина од странците или 50 отсто, а во приградската Ивер, пак, само 39 проценти.

Како главна „слабост“ на Брисел, неговите странски жители ја посочиле хигиената. Така, само 46 проценти од анкетираните странци изразиле задоволство од нивото на хигиена во градот. Како „најчиста“ општина е оценета Скарбек (47 отсто), пред Сен-Жил (43), Иксел (38), Форест (37) и Сен-Жос (34 проценти).

Кога станува збор за администрацијата на Брисел, неговите странски жители како „негативни карактеристики“ ги навеле временски долготрајните административни процедури, јазичните бариери, нељубезниот однос од административците и „недостигот на беспрекорна дигитална помош“. Така, дури две третини од анкетираните странци изјавиле дека морале да чекаат повеќе од еден месец за добивање на документите за престој, а 17 отсто и повеќе од три месеци.

Според податоците на бриселските власти, во избирачкиот список за гласање на денешните локални избори во Белгија се запишани 50.443 странци, од кои 41.251 се државјанин на други земји членки на Европската Унија. Белгиското изборно законодавство право на глас на локалните избори, покрај на државјаните на Белгија, им дава и на странци со регулиран легален престој во земјата.

Податоците за бројноста на странците покажуваат и дека „најомилени“ општини за дојденците во Брисел, односно таму каде што нивниот број е најголем, се Иксел, Скарбек и единицата на локална самоуправа Град Брисел, која го опфаќа северниот дел од регионот и квартови во централниот дел на градот. Инаку, регионот на Брисел го сочинуваат 17 општини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп е загрижен: Трета светска војна може да избие во следните три до четири месеци
Следна Статија Еве зошто треба да јадете темно чоколадо секој ден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прежде чем скачать Pin-Up Казино, изучите лицензии его операторов

Прежде чем скачать Pin-Up Казино, изучите лицензии его операторовПеред тем как скачать приложение Pin-Up Казино, критически важно проверить лицензии операторов…

February 28, 2026
Blog

Пазарот на трудот во Германија во пад: Компаниите планираат нови отпуштања

Германските компании планираат отпуштања, а состојбата на пазарот на трудот се уште е тешка. Ова е заклучокот од извештајот што…

March 27, 2025
Blog

Ова е првата земја во светот што користи вештачка интелигенција за пишување закони

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) станаа првата земја во светот што користи вештачка интелигенција (ВИ) за да помогне во изготвувањето и…

May 3, 2025
Blog

Производите на прехранбените гиганти поттикнуваат зависност кај децата, поднесена тужба во САД

Група прехранбени гиганти, вклучувајќи ги Крафт Хајнц, Монделез и Кока-Кола, се под лупа во САД поради наводно дизајнирање и промовирање…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?