Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доктор, адвокат и уште четири лица учествувале во измама во Македонија, МВР откри детали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Доктор, адвокат и уште четири лица учествувале во измама во Македонија, МВР откри детали
ХРОНИКА

Доктор, адвокат и уште четири лица учествувале во измама во Македонија, МВР откри детали

Објавено January 22, 2025 16:33
Сподели
Сподели

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(52) од Тетово, А.П.(39) од Скопје, А.Љ.(30), С.А.(48) од Гостивар, со место на живеење во Тетово, Д.А.(25) од Тетово, Е.Ј.(34) од Тетово, поради постоење основи на сомнение „помагање“ во врска со „измама“, а против И.Б. е поднесена и пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“, а А.П. и за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување на исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Првопријавениот И.Б., во својство на лекар во Клинички центар Тетово, во 2021 година креирал медицински извештај со невистинита содржина за наводни телесни повреди настанати во сообраќајни несреќи на име на петтопријавениот Д.А. и шестопријавениот Е.Ј., а со цел обештетување на нематеријална штета од осигурителни компании.

Второпријавениот А.П. во својство на адвокат изготвил полномошно без датум и потпис на пријавените А. и Ј. и без нивно присуство и согласност ги доставил до осигурителна компанија од Скопје за наплата на нематеријална штета во износ од 680.000 денари. Третопријавениот посредувал во доставувањето на фалсификуваната документација во адвокатската канцеларија на второпријавениот, а ги подигнал паричните средства во износ од 399.350 денари од филијала на банка во Тетово, пуштени на сметка на петтопријавениот.

Четвртопријавениот, и покрај тоа што знаел дека се работи за фиктивна документација, му помогнал на шестопријавениот да ја обезбеди целокупната фалсификувана документација, а подигнал и парични средства во износ од 280.000 денари, пуштени на сметка на шестопријавениот.

Петто и шесто пријавените, и покрај тоа што знаеле дека не им следува нематеријално обештетување по однос сообраќајни незгоди, давале нивни лични податоци за реализирање на наведените инкриминирани дејствија, со што ја оштетиле осигурителната компанија за износ од 680.000 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Европол: 41 процент од криминалните организации користат недвижен имот за перење пари
Следна Статија Жена силувана во кривопаланечко село

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи: Мачени, па ликвидирани?

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка. Телата на двајца Срби и еден…

August 14, 2025

Вереница поднесе тужба против Royal Caribbean поради смртта на нејзиниот избраник

Вереницата на маж кој почина на крузер поднесе тужба за неправедна смрт против Royal Caribbean. Тужбата тврди дека компанијата немарно…

December 11, 2025
ХРОНИКА

Се вршат претреси и се приведуваат повеќе лица поради продажба на дрога, велат од ОЈО ГОКК по апсењето на Штекли

Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат акција на повеќе локации.…

January 18, 2025
ХРОНИКА

Обвинителките Јосифовска и Стојковиќ: Лопатата на Велибор Манев докажува дека планот бил да се убие Вања

Се работи за користoљубие, од самиот почеток до извршувањето на делото. Обвинетите заедно се договарале и координарирале за да ги…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?