Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Домашни компании добија добија финансиски средства за воведување на ИСО и ХАЛАЛ стандарди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Домашни компании добија добија финансиски средства за воведување на ИСО и ХАЛАЛ стандарди
ЕКОНОМИЈА

Домашни компании добија добија финансиски средства за воведување на ИСО и ХАЛАЛ стандарди

Објавено November 15, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши деенска ги додели решенијата за исплата на средства на мали и средни претпријатија за воведување на ИСО стандарди и сертификација на ХАЛАЛ систем врз основа на објавените јавни повици по мерките од Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2024 година.

Оваа година Министерството за економија и труд, во рамки на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2024 реализираше :

МЕРКА 4 – Надоместување на дел од трошоците на микро, мали и средни претпријатија за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди и тоа 40 % од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари поединечно за секој апликант.
МЕРКА 5 – Надоместување на дел од трошоците на микро, мали и средни претпријатија за сертификација на ХАЛАЛ систем, преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари поединечно за секој апликант.
За реализација на овие мерки Министерството за економија и труд објави јавни повици во кои беа дефинирани условите за учество и потребните документи за аплицирање.
Двата Јавни повици беа објавени истовремено на 19.07.2024 година на веб страницата на Министерството за економија и труд и траеја до 01.10.2024 година.
За секоја од овие мерки се предвидени средства во износ од 2.000.000 денари поединечно.
Заклучно со 01.10.2024 година, до Министерството за економија и труд пристигнаац 9 (девет) барања од подносители за кофинансирање на сертификација според ИСО стандарди и 14 (четиринаесет) барања од подносители за кофинансирање на сертификација на ХАЛАЛ систем.
Од разгледаните 9 (девет) барања, Комисијата констатира дека 1 (едно) не ги исполнува условите за учество одредени со Јавниот повик за ИСО, а за останатите 8 (осум) одлучи да одобри надоместување на дел од трошоците за сертификација, согласно доставената документација, во вкупен износ од 463.961 ден.
Од разгледаните 14 (четиринаесет) барања, Комисијата констатира дека 9 (девет) не ги исполнуваат условите за учество одредени со Јавниот повик за ХАЛАЛ, а за останатите 5 (пет) одлучи да одобри надоместување на дел од трошоците за сертификација, согласно доставената документација, во вкупен износ од 445.260 ден.
Добитници ан финансиска поддршка од овие мерки се:
За мерката за воведување на ИСО стандарди:
ОРНАМАКС ДООЕЛ Скопје
БАГА ФООД ДОО Битола
БУРДЕМ-ПЛАСТИК ДОО Студеничани
БИМФООД ДОО Прилеп
ПРОАХИС ИНОВАТИОН ДОО Битола,
ГАЛАТЕКС ДООЕЛ Куманово
АКЦЕС КОНСТРАКШН ГРУП Скопје
ЕВРОПА 92 ДООЕЛ Кочани
МАРМАЈОЗ ДОО Прилеп
За мерката воведување на ХАЛАЛ стандарди се:
СОКО ГОРИЦА ДООЕЛ Скопје
НУРО КОМПАНИ ДОО с. Камењане, Боговиње
НЕЛКОСКИ ОРГАНИК ФУД ДООЕЛ с. Драслајца, Струга
АНЕТА КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје
ЛЕЦКЕР ДООЕЛс. Требош, Желино
Имајќи ги во предвид потребите на компаниите Министерството за економија и труд и во иднина ќе продолжи со реализација на мерки и активности во насока на подобрување на конкурентноста на МСП

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
Следна Статија Со овие ракометари ќе настапиме на СП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цените на становите не се реални, потребно е системско делување за квадратот да падне

Цените на становите излегуваат од рамките на реалното и објективното. Наш приоритет е преку системско делување да придонесеме за рамнотежа…

July 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ одлучи да ги одржува летовите помеѓу Франкфурт и Скопје во текот на целата зимска сезона, иако со…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија поради давање на лажни и нецелосни податоци

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата во поведена прекршочна постапка донесе решение за изрекување на…

May 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николовски – Стамнова: Со еден клик Централниот регистар ќе има евиденција за царински долг

Царинската управа и Централниот регистер ги интензивираат активностите потребни за надградба на едношалтерскиот систем на Централниот регистар при што Царинската…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?