Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон
СВЕТ

Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон

Објавено October 19, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во северниот израелски град Цезареја бил погоден од дрон, изјави неговиот портпарол.

Премиерот не бил во областа во моментот на нападот. Според истиот извор, нема повредени.

Претходно, израелската армија соопшти дека беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, во близина на домот на Нетанјаху.

Во инцидентот нема повредени, а пресретнати се уште два дрона.

Воздушна тревога имаше и во Тел Авив, 55 километри јужно, бидејќи беспилотно летало наводно се приближувало до областа Глилот, каде што се наоѓа седиштето на израелската надворешна разузнавачка служба Мосад и уште еден разузнавачки центар.

Според армијата, сирените се огласиле на многу други локации во северен Израел, вклучувајќи го и градот Тиберија на западниот брег на Галилејското Море.

Либанската шиитска милиција Хезболах, која е во сојуз со Хамас во Појасот Газа, речиси секојдневно истрелува ракети и беспилотни летала врз Израел од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година.

По веста за смртта на лидерот на Хамас, Јехја ал Синвар во Газа, милицијата поддржана од Иран најави „нова фаза на ескалација“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ексдиректорот на ЗОО Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните
Следна Статија Според предвидувањата на Нострадамус и Баба Ванѓа, ќе имаме тешка 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Изнајмувач на Airbnb со вештачка интелигенција креирал штети во станот и барал 12.000 фунти отштета од станарката

Жена од Лондон добила извинување и поврат на средства од речиси 4.300 фунти од компанијата Airbnb, откако домаќин во Њујорк…

August 3, 2025
СВЕТ

Таткото на Американката која заработи над 40 милиони долари на „Тик-ток“: Ова ќе биде огромен удар за многу бизниси

На Американците од денеска им е забрането да користат „Тик-ток“, што претставува голем проблем за инфлуенсерите кои ја започнале својата…

January 19, 2025
СВЕТ

AFD е најпопуларна партија во Германија

За прв пат откако агенцијата INSA спроведува истражување за Bild, Алтернатива за Германија се појави на првото место За прв…

September 23, 2025
СВЕТ

Повредени патници, откако избувнал пожар во авион на „Рајенер“ во Палма де Мајорка

Шест лица се полесно повредени на аеродромот во Палма де Мајорка за време на евакуацијата на патнички авион на авиокомпанијата…

July 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?