Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дончиќ за трејдот: Мислев дека е 1.април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Дончиќ за трејдот: Мислев дека е 1.април
СПОРТ

Дончиќ за трејдот: Мислев дека е 1.април

Објавено February 5, 2025 08:10
Сподели
Сподели

Лука Дончиќ и официјално е претставен како нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во неделата, се случи трејдот кој го шокира кошаркарскиот свет, Добнчиќ се пресели во Лејкерси и Ентони Дејвис во Далас.

Лос Анџелес Лејкерс го претставија како нов играч и веднаш беше прашан дали знаел за трејдот и како ќе ги коментира приказните дека не сакал да прифати договор од Далас во 2026 година.

„Тоа е нивна одлука и немам коментар за тоа. Не знам што направија. Апсолутно ниту една приказна дека нема да го прифатам договорот не е вистинита“, изјави Дончиќ.

Дали има што да докажува?

„Да. Ја сакам титулата. Не доаѓате овде за ништо друго. Имам се да покажам и докажам и ја сакам титулата”, рекол Лука.

Пред неколку години во подкаст рече дека би сакал да си игра со Леброн, а сега ќе игра со него, а тренер ќе му биде Џеј Џеј Редик, авторот на тој подкаст.

Остварен сон. Отсекогаш му се восхитував на Леброн и има многу што можам да научам од него… Мислам дека двајцата ќе ги подобриме нашите соиграчи, ќе им помогнеме на сите затоа што сме исклучително интелигентни кошаркари. Возбуден сум што ќе работиме заедно и ќе се подобруваме секој ден“.

Мислеше дека цела кариера ќе ја игра во Далас, но …

„Искрено, на почетокот беше тешко, се чувствував како да помина еден месец иако поминаа само два. Беше многу емотивно и тешко, а денес е многу подобро и среќен сум што сум тука. Ова се Лејкерс. Еден од најдобрите тимови во историјата на кошарката“, рече Словенецот и дополни.

Сите беа изненадени, а можете да замислите колку јас бев изненаден. Кога се разбудив не можев да верувам и мислев дека е 1. април. Ова се тешки моменти за мене, но имам можност да играм за најголемиот клуб во светот и мислам дека ова е одлична можност за мене“.

Леброн го сака Дончиќ, што е исто така важно, а што му кажа?

„Веднаш ми се јави. Беше во Њујорк и не разговаравме многу бидејќи ми рекоа дека знае како се чувствувам и ми беше убаво што веднаш ми се јави и ми посака добредојде во Лос Анџелес“, вели Дончиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крис Павловски објави дека НВО и УСАИД ја киднапирале Македонија, го „тагна“ Илон Маск
Следна Статија Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Синер за допингот: Убеден сум дека ништо не се случува случајно

Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер раскажа како случајот со допинг влијаел врз неговиот живот. – Најтешко е што…

October 24, 2024
СПОРТ

Тепачка во НБА: Нуркиќ прво удри шлаканица, па беше – нокаутиран (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас забележаа победа над Феникс Санс со 98:89. Натпреварот го обележа тепачката меѓу Јусуф Нуркиќ и Наџи Маршал.…

December 28, 2024
СПОРТ

(Видео) Шокантен пораз на Лејкерси во Чикаго – Испуштија предност од пет поени за само 13 секунди

Кошаркарите на Чикаго Булс го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 119:117 со чудесен пресврт во последните секунди од натпреварот и…

March 28, 2025
СПОРТ

Луис Хамилтон најбрз на спринтот во Кина

Формула 1 возачот Луис Хамилтон стигна до својата прва победа како член на Ферари, откако седумкратниот светски шампион славеше на…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?