Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
ХРОНИКА

ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете

Објавено November 11, 2024 22:20
Сподели
Сподели

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска информира дека согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената инспекција, до министерот за здравство ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на петгодишното дете на Детската клиника во Скопје. Инспекторатот констатирал недостатоци во работата на оваа клиника.

По издаден налог од директорот, од страна на ДСЗИ на 8 ноември бил извршен вонреден инспекциски надзор на Клиниката. Констатирано било дека детето на Клиниката првпат било донесено на 3 октомври заради главоболка и покачена температура, тоа било прегледано и дадена му била симптоматска терапија.

-На 3 октомври, детето е донесено на контролен преглед, направени му се ртг на бели дробови, гасни анализи и упатено на контрола кај матичен доктор. На 6 октомври, детето повторно е донесено на Клиниката, малаксано, фебрилно вознемирено и по направените лабораториски испитувања и КТМ на глава, хоспитализирано е на Клиниката во придружба на мајката, појаснуваат од ДСЗИ.

За време на хоспитализацијата, детето било водено од повеќе различни доктори на Клиниката при што му биле правени дополнителни лабораториски испитувања и давана терапија.

-На 14 октомври, детето е со пад на сатурацијата, соспорозно, повикани се доктори од ОИНТ (одделение за интензивна нега и терапија), реанимирано, интубирано и поставено на механичка вентилација. Во меѓувреме, вршени му се лабораториски и дијагностички испитувања, реализирани конзилијарни прегледи од кардиолог, инфектолог, реуматолог, нефролог и детски хирург. За време на престојот на ОИНТ, реанимирано во неколку наврати со позитивен одговор, но, на ден 5 ноември, реанимацијата е без одговор и во 7:20 часот, констиран exitus letalis. На потврдата за смрт наведена е дијагноза менингоенцефалитис, но, истиот не е лабораториски потврден, додаваат од ДСЗИ.

Како што додаваат, обдукција не била извршена на барање на родителите.

Во однос на надлежностите на ДСЗИ, при надзорот констатирани биле недостатоци во однос на водењето на медицинската документација, односно во упатите не била наведена работната дијагноза за пациентот, не биле пишувани декурзуси од сите доктори, во Историјата за пациентот недостасувале планови за лекување за што од страна на ДСЗИ, како што е најавено, ќе биде издадено решение со наредба за водење на евиденција согласно закон.

-ДСЗИ исто така има забелешки и во однос на организацијата, работата на Клиниката особено во делот на дежурства кога се ангажираат само специјализанти, а за што од страна на ДСЗИ претходно е издадено решение за кое роковите се во тек. Согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената инспекција до министерот за здравство ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на детето, потенцираат оттаму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аца Лукас: Me апсеа како Ескобар
Следна Статија Цеца се присети на затворските денови : Десет дена штрајкував со глад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Полицајци нападнати во Ќерамидница, оштетено службено возило

На 15.02.2025 во 20:40 часот во СВР Скопје А.Д.(23) од Скопје пријавил дека во населбата Ќерамидница во Скопје бил физички…

February 16, 2025
ХРОНИКА

Возеле пијани во Делчево и Кавадарци, па полицијата ги уапсила

На 28.06.2025 во 20.00 часот на ул. „Булевар Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода…

June 29, 2025
ХРОНИКА

Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

Поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев, и поранешниот организациски директор Нехат Нухи, обвинети во случајот „Онкологија“,…

May 23, 2025
ХРОНИКА

Момче загина, а другар му е тешко повреден откако ноќва со возило излетаа кај Елешец

Осумнаесетгодишно момче го загуби животот, а 16-годишник е тешко повреден откако со автомобил излетале од регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?