Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Објавено November 27, 2024 15:52
Сподели
Сподели

Желбата на министерот за економија Дурмиши е минималецот да биде 600 евра, но ќе се преговара за 450 евра. Она што е сигурни е дека во март минималната плата ќе се зголеми околу 1.700 денари. За ова пари во буџетот се предвидени, но повторно нема да се достигне бројката од 450 евра, нешто што синдикатите го бараат со месеци. Велат дека и овој износ веќе не е доволен, но ќе се обидат на следниот состанок со владата и работодавачите кој најверојатно ќе биде на почетокот од декември, освен за законското покачување да се најдат плус пари за минимална плата од 450 евра.

Мислам дека на наредната седница, на ЕСС ќе ги презентираме нашите аргументи со кои располагаме за да ги убедиме затоа што мораме да се убедуваме за потребите од растот на сите плати вклучително и минималната плата, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Министерот за економија Дурмиши пак вели дека неговата желба е таа да биде 600 евра, но за тоа мора да се консултира и со работодавачите и со останатите колеги од владата.

Јас сакам минималната плата и 600 евра да биде. Реално барањето е 450 евра, но јас сакам 600 евра да биде но ајде да ги видиме сите засегнати страни да се отвори темата на маса, во првите денови од декември, таму ќе ги видиме и можностите на Владата да има можност да ги покријат тие и ќе ги видиме барањата на работодавачите, вели министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Токму ниските плати се една од причините за иселувањето, поради што државата се доведе во ситуација да увезува работна сила.

Главната причина поради кога луѓето заминуваат се ниските плати. Ако вие ги плаќате мизерно тогаш може да очекувате дека тие имаат пари за билет во еден правец, а тоа е надвор од Македонија, додава Трендафилов.

Инаку, наскоро ќе биде соопштена и новогодишната кошничка во која се планира да се најдат 600 производи. И покрај сугестијата од министерката за финансии Кочоска, но и на дел од економистите дека ваквите кошнички не даваат резултати и дека институциите немаат капацитет да проверуваат дали се почитуваат, се одлучи повторно да се донесе а министерот Дурмиши е убеден дека ќе може да се контролира.

Со претходната ваква кошничка имаше производи кои воопшто не поевтинија а некои минимално, граѓаните се пожалија дека нема ефект, а инспекторитее регистрираа низа неправилности и манипулации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приватните превозници повторно се исклучија од сообраќај и се упатија кон Град Скопје
Следна Статија Мицкоски: Нова инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Миновски: Нови работни места, зголемени инвестиции и долгорочен економски бенефит со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство

Најавата за стратешко партнерство со Обединетото кралство особено ако се потврди и најавениот инвестициски пакет од 5 милијарди фунти, како…

May 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Историски високи приходи во Буџетот за јули

Историски високи приходи во Буџетот за јули, Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Финансиската…

August 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот

Народната банка утре ќе ја објави бројката за инвестициите во 2024 година со исклучителна, огромна, историска реализација од мај натаму.…

February 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Потврда стигна и од М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром

М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром. Во текот на изминатите три дена, како…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?