Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Два случаи на голема кашлица во Скопје: Заразени 5-месечно бебе и 4-годишно дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Два случаи на голема кашлица во Скопје: Заразени 5-месечно бебе и 4-годишно дете
ЗДРАВЈЕ

Два случаи на голема кашлица во Скопје: Заразени 5-месечно бебе и 4-годишно дете

Објавено January 17, 2025 19:40
Сподели
Сподели

Два случаи на голема кашлица се евидентирани од 10 до 16 јануари. Станува збор за деца од Скопје, едното на возраст од пет месеци и невакцинирано, пријавено на 10 јануари, а второто на возраст од четири години, комплетно вакцинирано, пријавено во понеделникот. Двете деца се амбулантски лекувани, информираа попладнево од Институтот за јавно здравје.

Претходниот седмодневен период немало ниту еден случај на голема кашлица.

Од 27 декември до 2 јануари беше пријавен еден случај на голема кашлица. Тогаш од Институтот информираа дека детето се лекува болнички. Бебето од Скопје било старо два месеца, невакцинирано затоа што не ја достигнало возраста за вакцинација.

Во периодот 2024/25 година, заклучно со 16 јануари, на територија на државата регистрирани се вкупно 1.176 лица заболени од голема кашлица, со инциденца од 64/100.000 жители.

На 14 јануари, пристигната била одјава на епидемијата во Куманово со вкупно регистрирани 107 заболени лица. Последниот пријавен случај е регистриран на 18 ноември. Од Институтот нагласуваат дека епидемијата на територијата на град Скопје сè уште е во тек.

Од 18 јануари 2024 до вчера, на територија на државава дадени се вкупно 94.822 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Донираните автобуси во ЈСП ќе „остарат“ паркирани, уште чекаат на каско осигурување
Следна Статија Не можевме против судиите и силната Холандија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Им пресадуваат заб во окото на слепите пациенти за да им го вратат видот

За прв пат во Канада, хирурзите успешно ја изведоа првата фаза од процедурата која вклучува вградување заби во очите на…

March 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ленче Нелоска именувана за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје

Лекарката Ленче Нелоска е поставена за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје, откако претходниот директор беше приведен во полициска…

April 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Од 2016 година во Македонија не функционира Центарот за изгореници

Од 2016 година во државава не функционира Центарот за изгореници. Иако тој се уште фигурира на официјалната веб страница на…

March 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Доктори од ГАК присуствуваа на напредна обука во Солун

Дел од пресоналот предводен од директорката на ГАК Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев и Ас. Д-р Даниел Милковски присуствуваа на…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?