Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две струмички фирми казнети по 9500 евра – не го почитувале законот за управување со отпад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Две струмички фирми казнети по 9500 евра – не го почитувале законот за управување со отпад
МАКЕДОНИЈА

Две струмички фирми казнети по 9500 евра – не го почитувале законот за управување со отпад

Објавено February 4, 2025 18:33
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на Фејсбук објави дека две фирми и нивните управители ќе добијат прекршочни платни налози бидејки општинскиот инспектор за животна средина при вонреден надзор констатирал неправилности и не била почитувана законската регулатива.

Двете фирми ќе одговараат согласно член 37, став 4 од Законот за управување со отпад, при што правното лице ќе биде казнето со глоба од 9.000 евра, а управителот со 500 евра.

Градоначалникот Костадинов не прецизираше за кои фирми станува збор, ниту пак за што ќе бидат казнети. Но, во посочениот Закон во член 37, став 4 стои: „Се забранува горење или согорување отпад на локации кои не се наменети за таа цел, како и користење уреди и инсталации за кои не е издадена соодветна дозвола согласно закон или во кои горењето или согорувањето на отпадот може да ги загрози животната средина, животот и здравјето на луѓето“.

Општинскиот инспектор за животна средина извршил шест инспекциски контроли и тоа кај четири фирми за производство на мебел, една за производство на амбалажа од пластични маси за пакување и една за изработка на метални конструкции.

„За три фирми ќе се донесе Решение за изработка на елаборат за животна средина и да се преземат соодветни технички мерки за вградување филтер со кој ќе се намали, спречи и контролира негативното влијание врз квалитетот на воздухот, а за еден правен субјект ќе се донесе Решение согласно дејноста која ја обавува да се изработи елаборат за животна средина согласно член 24 од Законот за животна средина“, стои во објавата.

Вонредните инспекциски контроли биле вчера, два дена по протестот на струмичани кои побараа чист воздух.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На повеќе од 100 медицински сестри на државно ниво вчера им истече договорот за работа
Следна Статија Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. -Во пресрет на извештајот на…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ

Фирмите на Никола Ковачевски, синот на екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој во моментов се бара од органите на прогонот…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Нема влез во ЕУ без право на глас

Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Всушност, не постои такво нешто кое би предвидувало…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски со апел до Собранието и Судски Совет: Итно изберете судии, Уставен работи со намален капацитет, но без компромис

Во услови на динамични политички процеси, жестоки притисоци и обиди за влијанија, Уставниот суд успеа да остане цврст столб на…

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?