Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Eден месец блокада на Кожуф, Владата сега најавува дијалог и заштита на животната средина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Eден месец блокада на Кожуф, Владата сега најавува дијалог и заштита на животната средина
МАКЕДОНИЈА

Eден месец блокада на Кожуф, Владата сега најавува дијалог и заштита на животната средина

Објавено July 24, 2025 17:10
Сподели
Сподели

Точно еден месец траат блокадите на Кожуф планина. Еко-активистите го блокираат патот кон ски-центарот и не дозволуваат да започнат градежни работи на локацијата каде што е планирана мала хидроелектрана на реката Дошница, една од најчистите реки во земјава. Активисти од градови и населени места од целата држава, веќе 30 дена се на блокадите и велат дека до крај ќе останат на терен, сè додека Владата не ја укине дозволата за градење на оваа планина, пишува новинската агенција Мета.

По објавите на Мета.мк во врска со блокадите на еко-активистите, се обративме во Министерството за животна средина и просторно планирање, како и до Владата во врска со овој проблем, од каде што велат дека се подготвени да поттикнат дијалот и да најдат решение. Во одговорот на прашањата од Владата не наведуваат прецизно што точно ќе преземат, кога ќе почне дијалогот и како ќе ја заштитат животната средина.

Митко Јанчев, пак, градоначалникот на Кавадарци, општината која дала позитивно мислење за градење на хидроелектраната на Дошница, не одговара на телефонските повици и пораки на Мета.мк во врска со ова прашање.

„Владата внимателно ги следи реакциите на јавноста и е подготвена да поттикне отворен и конструктивен дијалог со сите засегнати страни. Владата останува посветена на изнаоѓање решенија што ќе бидат во најдобар интерес на граѓаните и животната средина“, велат во писмениот одговор од Владата.

Понатаму додаваат дека оваа Влада не ја доделила концесијата туку тоа се обврски од минатото а тие биле обврзани да го почитуваат договореното.

„Проектите за овие мали хидроелектрани се наследени обврски од минатото и произлегуваат од тендерска постапка спроведена од тогашното надлежно Министерство за животна средина и просторно планирање, при што е доделена концесија и се наплатени средства што се слеале во државниот буџет“, велат од Владата за Мета.мк.

Потоа појаснуваат дека продолжувањето на рокот за изградба до април 2026 го направиле затоа што тоа било административен чекор кој произлегувал од постојните обврски и правата на сопственост на компаниите вклучени во процесот, и дека тоа продолжување не било нова согласност за изградба кои тие ја издаваат.

Цел текст на Мета

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исчезна млада жена од прилепско, заминала со автомобил и повеќе нема трага од неа
Следна Статија Приведени две лица поради напад на обезбедувањето на болницата „8 Септември“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Казна од 100 евра: од денеска возачки дозволи со новото уставно име, регистарските таблички со ознаката НМК

Од денеска престануваат да важат возачките дозволи со старото име на државата. Парична казна од 100 евра за лицата кои…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЗС добива прва републичка пожарна составена од 50 армиски и полициски возила пренаменети за гаснење на шумски пожари

Дирекција за заштита и спасување добива прва републичка пожарна составена од 50 возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Пресретнувачи“ ќе ги казнуваат странските возила низ земјава

Возачите кои транзитираат низ Македонија ќе бидат опфатени во системот „Безбеден град“, но додека не се надгради системот, казни нема…

July 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска ја отежнува битката со корупцијата, тврдат граѓански организации

Наместо да ја спречува корупцијата, Антикорупциската комисија отвора врата за неа – обвинуваат од Платформата на граѓански организации за борба…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?