Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕasyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз од 2 април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЕasyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз од 2 април
ЕКОНОМИЈА

ЕasyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз од 2 април

Објавено January 24, 2025 13:22
Сподели
Сподели

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека easyJet, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен лет од Меѓународниот аеродром Скопје до аеродромот Орли во Париз.

ЕasyJet како нискобуџетната авиокомпанија која нуди патувања низ Европа преку својата широка мрежа на авиолинии, ќе почне да лета од Париз до Скопје и назад на 2 април 2025 година.

На новите директни летови на релација Париз – Скопје – Париз ЕasyJet ќе оперира со два лета неделно, или секоја среда и сабота, со што авиокомпанијата ја задоволува потребата за брзо и достапно поврзување и меѓу францускиот регион и на меѓународно ниво.

-Како ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор, со задоволство ја објавуваме оваа атрактивна авиолинија и ново воздушно поврзување меѓу Скопје и Париз. Новата авиолинија, обезбедена благодарение на авиокомпанијата ЕasyJet е значајна пресвртница бидејќи ова е првпат Меѓународниот Аеродром Скопје да се поврзе авионски со директен лет со аеродромот Орли, кој исто така е управуван од Групацијата АДП, чија членка е и ТАВ Аеродроми. Покрај тоа, оваа нова можност за патување дополнително ќе им овозможи на нашите патници да ја искусат услугата на уште една нискобуџетна авиокомпанија, со што ќе им обезбедиме на нашите патници повеќе опции за патување и можности да се поврзат со еден од најживописните градови во Европа, познат како Градоѕ на светлината, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Оваа нова авиолинија им дава можност на парижаните лесно да го истражат Скопје, динамичниот град кој нуди фасцинантен спој на култури, историја и модерност. Во исто време, патниците кои го посетуваат Париз, градот на уметноста, културата, модата, шармантните улици и историјата, ќе можат лесно да ги посетат најпрепознатливите знаменитости на Париз како Ајфеловата кула, музејот Лувр и катедралата Нотр Дам.

-Среќен сум што можам да го најавам отворањето на нова меѓународна авиолинија до Скопје, во Македонија, од нашата база Париз-Орли. Минатата година, 3,4 милиони патници избраа да ни веруваат за нивните патувања преку Орли, а со оваа нова дестинација се надеваме дека ќе им овозможиме на илјадници парижани да ја откријат убавината и уникатноста на Балканот, секогаш со одлична вредност за парите, изјави Реџиналд Отен, заменик директор на ЕasyJet за Франција.

Сите детали за времето на заминување и пристигнување на оваа нова можност за патување, како и достапноста и резервирањето на авиобилети може да се најдат на веб-страницата на easyJet www.easyJet.com.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Македонското прашање не е затворено додека не се оставарат главните цели, полноправно членство во ЕУ
Следна Статија Од Вашингтон и Њујорк, директно во скопски Петровец Мицкоски промовираше две иневстиции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Цените на одредени продукти зголемени и до 25%, тоа не е етички- ќе има робусна реакција од институциите

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека тоа не е…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Филипче: Предложивме закон, минималната плата да биде 27.000 денари

„Денеска во услови на голема економска несигурност како одговорна опозиција, предлагаме измени и дополнувања на законот за минимална плата. Со…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака од 31 октомври

Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека од Меѓународниот аеродром Скопје од 31 октомври се воведува нова авиолинија до Ларнака…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?