Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: EУ од денеска воведува 35 посто царина за автомобили од Kина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > EУ од денеска воведува 35 посто царина за автомобили од Kина
Blog

EУ од денеска воведува 35 посто царина за автомобили од Kина

Објавено October 31, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Европската комисија денеска со уредба воспостави дополнителни царини за електричните автомобили увезени од Кина, што ги смета за нелојална конкуренција.

И покрај противењето на Германија, Брисел одлучи на данокот од 10 отсто кој веќе е во сила, да додаде до 35 отсто на возилата на батерии од кинеско производство, се вели во текстот на регулативата објавена од Комисијата на Интернет.

Одлуката треба да биде објавена во Службениот весник на ЕУ и да стапи во сила денеска.

Наведената цел е повторно да се воспостават фер услови за конкуренција со производителите обвинети дека имаат корист од големите јавни субвенции од кинеската држава. Ова вклучува одбрана на европската автомобилска индустрија и нејзините околу 14 милиони работни места од кинеските практики кои се сметаат за нефер.

Пекинг ги осуди „неправедните и неразумни протекционистички практики“ откако земјите од ЕУ одобрија дополнителни царини предложени од Европската комисија на почетокот на октомври.

Европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис до последен момент преговараше со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао за да се обиде да најде решение, но залудно.

И покрај сè, двете страни се согласија да ги продолжат разговорите и доплатите може да бидат отстранети доколку се постигне договор за други средства за компензација за штетата утврдена со европската истрага.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kако Али Ахмети со стара Нокиа 3310 објавува видеа на Фејсбук?
Следна Статија Мицкоски ја фрли ракавицата: Ако сакате избори и сте силни, ајде на избори!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Рак – понеделник, 27 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Рак, твојот ден е идеален за фокусирање на личниот раст и инспирација. Како емотивна и…

January 27, 2025
Blog

Остар пад на биткоинот, сега вреди 78.520 евра

Вредноста на биткоинот падна за 5,17 отсто на 78.520,27 евра денеска во 15 часот на најголемата светска берза за криптовалути…

March 1, 2025
Blog

Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство

„Потрошувачите денес имаат поголеми барања, а ние во Лидл секогаш се трудиме да ги исполниме нивните критериуми за побезбедна, поздрава…

June 27, 2025
Blog

Нови правила за сите кои патуваат во Шпанија: Се воведуваат ригорозни мерки за сместување на туристите

Туристите кои пристигнуваат во Шпанија од денеска ќе треба да им дадат дополнителни лични податоци на властите. Ќе се собираат…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?