Евакуиран аеродромот Гетвик, лондонската полиција истражува безбедносeн инцидент

- Advertisement -

Лондонскиот аеродром „Гетвик“ е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека полицајците го истражуваат безбедносниот инцидент.

Голем дел од јужниот терминал на аеродромот е евакуиран, а на патниците им е забранет влезот, објави британскиот весник „Сан“.

Од аеродромот соопштија дека евакуацијата била мерка на претпазливост додека полицајците истражуваат безбедносен инцидент.

И Амбасадата на САД во Лондон е затворена поради безбедносна тревога.

Сподели ја оваа статија